Денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттаму додаваат дека се свесни за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион, поради што се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања. Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници. Ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела, се додава во соопштението.
Денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттаму додаваат дека се свесни за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион, поради што се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања.
„Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници. Ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела“, се додава во соопштението.