Од јули директен лет Скопје­-Доха со Катар ервејс

Bez autora
Feb 06 2017

Авиокомпанијата Катар ервејс официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје­-Доха­-Скопје. Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глобална авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот Исто“, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Со тоа се зголемува бројот на дестинации со кои Македонија е директно поврзана. Имаме триесетина дестинации од кои 25 се достапни преку нискобуџетните летови. Во 2005 година од македонските аеродроми се летало на вкупно 17 дестинации, а во 2016 на 35 дестинации.

Од јули директен лет Скопје­-Доха со Катар ервејсАвиокомпанијата Катар ервејс официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје­-Доха-­Скопје.

„Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глобална авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот Исток“, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Со тоа се зголемува бројот на дестинации со кои Македонија е директно поврзана. Имаме триесетина дестинации од кои 25 се достапни преку нискобуџетните летови.

Во 2005 година од македонските аеродроми се летало на вкупно 17 дестинации, а во 2016 на 35 дестинации.

Од 35 дестинации Визер покрива 25, а други авиопревозници ги покриваат дестинациите Загреб, Дубаи, Белград, Љубљана, Истанбул, Виена и Цирих. Авионите на Визер сообраќаат до Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихшафен, Базел преку Охрид, Берлин, Копенхаген, Братислава и Хановер.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik