Од ноќеска на полноќ во сила стапуваат новите цени на горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика. Во согласност со новиот ценовник, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, на „евродизел“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат 1 денар за литар во однос на цените утврдени со одлуката од 23.9.2019 година и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 71 денар за литар, малопродажната цена на „евродизелот“ изнесува 63 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 52,50 денара за литар.
Од ноќеска на полноќ во сила стапуваат новите цени на горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Во согласност со новиот ценовник, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1 денар за литар во однос на цените утврдени со одлуката од 23.9.2019 година и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 71 денар за литар, малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) изнесува 63 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 денара за литар.