Мобилните оператори во државава се уште немаат одлучено дали и за колку ќе ги поевтинат телефонските услуги откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) им наметна за 15 отсто да ги намалат големопродажните цени во нивните меѓусебни договори. Оттаму велат дека се уште прават пресметки што до крајот на неделава ќе треба да и ги достават на АЕК, по што веќе во септември треба да се очекува евентуално корегирање на ценовниците на нивните услуги. Сепак, од мобилните оператори истакнуваат дека и без оглед на големопродажните, односно интерконекциските цени, пазарот на мобилната телефонија го преплавиле со најквалитетни, најевтини и најприфатливи услуги. На ова посебно инсистираат од ОНЕ и Вип оператор, додека од Т-Мобиле Македонија во неколку наврати досега посочуваат дека веќе подолго време нудат највисок, врвен квалитет на своите услуги за понудената цена.
Мобилните оператори во државава се уште немаат одлучено дали и за колку ќе ги поевтинат телефонските услуги откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) им наметна за 15 отсто да ги намалат големопродажните цени во нивните меѓусебни договори.
Оттаму велат дека се уште прават пресметки што до крајот на неделава ќе треба да и ги достават на АЕК, по што веќе во септември треба да се очекува евентуално корегирање на ценовниците на нивните услуги.
Сепак, од мобилните оператори истакнуваат дека и без оглед на големопродажните, односно интерконекциските цени, пазарот на мобилната телефонија го преплавиле со најквалитетни, најевтини и најприфатливи услуги. На ова посебно инсистираат од ОНЕ и Вип оператор, додека од Т-Мобиле Македонија во неколку наврати досега посочуваат дека веќе подолго време нудат највисок, врвен квалитет на своите услуги за понудената цена.
Од најголемиот мобилен оператор Т-Мобиле Македонија, велат дека како компанија ќе ја почитуваат одлуката на АЕК и интерконекциските цени ќе ги намалат онака како што е препорачано.
Од мобилниот оператор Вип ја поздравуваат регулацијата на големопродажните цени и оценуваат дека стимулирањето на асиметрична интерконекција е регулативен инструмент кој ќе води кон се поголема конкурентност и постигнување на оптимална ефикасност на сите субјекти на пазарот.
- Тенденцијата на намалување на овие цени отвора можност за намалување и на малопродажните цени за повици кон другите мобилни мрежи, што е особено значајно за привлекување на нови корисници и зголемување на нашата корисничка база, која во моментот изнесува повеќе од 353.000 задоволни корисници, на кои ќе бидеме во можност да им понудиме уште поатрактивни понуди - велат од Вип оператор.
Оттаму потсетуваат дека откако се присутни на македонскиот пазар, цените на мобилните телефонски разговори ги спуштиле за 50 проценти.
Во компанијата ОNЕ се категорични дека во својата богата понуда имаат квалитетни и најевтини услуги, и тоа за сите свои корисници.
-ОNЕ како и досега, така и во иднина продолжува да го нуди најголемиот избор производи и услуги достапни и за оние со најспецифични телекомуникациски потреби, и тоа по најевтини цени на пазарот - коментираат од ОNЕ.