Од следната недела почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Bez autora
May 08 2018

До крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот. Исплатата ќе почне следната недела, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23 400 тутунари. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа, кој почнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа, како и за дополнителни класи.

Од следната недела почнува исплатата на субвенциите за тутунотДо крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија, по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот. Исплатата ќе почне следната недела, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23 400 тутунари. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа, кој почнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа, како и за дополнителни класи.

„Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, којашто носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно“, велат од Министерството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik