Минатата недела на Македонската берза беше остварен одличен промет од редовното тргување од 2 милиони евра, од кои најголемиот дела на официјалниот пазар. Во споредба со претходната недела прометот пораснал за 278 отсто, односно вредноста на тргувањата од почетокот на годинава најмногу се движат до 500.000 евра. На официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Алкалоид“ Скопје со промет од 9,4 милиони денари, или 153 илјади евра. Најголем пораст забележаа акциите на „Лотарија на Македонија“ од 50 отсто. Најголем пад акциите на „Јака 80“ Радовиш од 33,33 отсто. Изминатава недела се случи и една блок-трансакција со 2.500 обични акции на Комерцијална банка по цена од 1.890 денари за една акција, што претставува 0,11 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 4,7 милиони денари.
Минатата недела на Македонската берза беше остварен одличен промет од редовното тргување од 2 милиони евра, од кои најголемиот дела на официјалниот пазар. Во споредба со претходната недела прометот пораснал за 278 отсто, односно вредноста на тргувањата од почетокот на годинава најмногу се движат до 500.000 евра.
На официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Алкалоид“ Скопје со промет од 9,4 милиони денари, или 153 илјади евра. Најголем пораст забележаа акциите на „Лотарија на Македонија“ од 50 отсто. Најголем пад акциите на „Јака 80“ Радовиш од 33,33 отсто. Изминатава недела се случи и една блок-трансакција со 2.500 обични акции на Комерцијална банка по цена од 1.890 денари за една акција, што претставува 0,11 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 4,7 милиони денари.
Се склучи и една администраторска блок-трансакција со 25.960 обични акции на ТТК Банка АД Скопје по цена од 544 денари за една акција, што претставува 2,86 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 14 милиони денари.
Главниот берзански индекс МБИ10 на неделно ниво забележа пораст од 0,82 отсто, и заврши со вредност од 1.665,19 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ на неделно ниво забележа пад од 0,74 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 126,57 индексни поени.
Вниманието на светската берзанска јавност вчера беше свртено кон состанокот на ОПЕК во Виена. Министрите за енергетика на земјите во ОПЕК, како и што се очекуваше, решија да не ги менуваат квотите за производство на нафта, задржувајќи ги истите вредности од 30 милиони барели на ден. Цените на нафтата падна до 30 отсто во рок од неколку месеци. Се' почна есента минатата година кога ОПЕК одби да го намали производството преку намалување на квотите што доведе до пад на цената на суровата нафта до 50 долари за барел. Следниот состанок на ОПЕК е закажан за 4 декември во Виена.