Одобрени над 100 договори за финансиска поддршка на инвестиции

Bez autora
Aug 01 2018

Владата на седница ги разгледа информациите за склучување договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите со повеќе од 100 компании во Република Македонија во согласност со кој првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании. Со договорите за доделување финансиска поддршка, кои се одобрени на денешната седница на Владата, се исполнува првата фаза по што ќе следуваат наредните кога компаниите ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите и потоа ќе следува исплатата на одобрените средства до крајот на оваа година, соопшти владината прес-служба.

Одобрени над 100 договори за финансиска поддршка на инвестицииВладата на седница ги разгледа информациите за склучување договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите со повеќе од 100 компании во Република Македонија во согласност со кој првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании.

„Со договорите за доделување финансиска поддршка, кои се одобрени на денешната седница на Владата, се исполнува првата фаза по што ќе следуваат наредните кога компаниите ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите и потоа ќе следува исплатата на одобрените средства до крајот на оваа година“, соопшти владината прес-служба.

Како дополнителна одлука Владата го донесе заклучокот дека компаниите што стекнале право за финансиска поддршка треба да достават потпишана изјава за конфликт на интереси како дел од документацијата опфатена со договорот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik