Скопската фирма СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ во наредните 15 години ќе ги снабдува со дигитални тахографи сите возила над 3,5 тони и возилата за превоз на најмалку девет лица. Оваа е епилогот од тендерот за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички, што денеска се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски. Веднаш по извршената евалуација на пристигнатите понуди согласно јавниот оглас, ресорниот министер Миле Јанакиески и управителот на СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ, Златко Кочовски го потпишаа Договорот за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички, се вели во соопштението. Договорот опфаќа издавање или одземање на картички, водење на евиденцијата за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, издавање на податоците од евиденцијата и извршување на работи поврзани со генерирање на потребните електронски клучеви потребни за изработка на мемориските картички.
Скопската фирма СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ во наредните 15 години ќе ги снабдува со дигитални тахографи сите возила над 3,5 тони и возилата за превоз на најмалку девет лица.
Оваа е епилогот од тендерот за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички, што денеска се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски.
Веднаш по извршената евалуација на пристигнатите понуди согласно јавниот оглас, ресорниот министер Миле Јанакиески и управителот на СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ, Златко Кочовски го потпишаа Договорот за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички, се вели во соопштението.
Договорот опфаќа издавање или одземање на картички, водење на евиденцијата за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, издавање на податоците од евиденцијата и извршување на работи поврзани со генерирање на потребните електронски клучеви потребни за изработка на мемориските картички.
Со имплементацијата на договорот ќе се овозможи создавање на подобри услови за превозниците, подобрување на безбедноста во сообраќајот, спречување на нелојалната конкуренција, спречување на пречекорувањетo на максималното неделно работно време, се вели во соопштението на министерството за транспорт и врски.