Охрид и годинава е најбараната туристичка дестинација во Македонија. За нашето најголемо езеро се заинтересирани најголем број од тур - операторите кои го посетија штандот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Берлинскиот саем. На саемот Македонија е претставена како земја на езерскиот туризам, активен туризам – планинските тури и религиозен туризам. Директорката на Агенцијата вели дека интересот за нашите производи е голем, остварен е голем број средби со тур-оператори, не само од Германија туку и со други тур-оператори кои се заинтересирани за Македонија. Својата понуда пред туристите од Германија ја претставија и пет туристички агенции. Во моментов германските тур - оператори најмногу ги привлекува Охрид во летната сезона, а она што најмногу ги одбива, тоа е минлива работа, се настаните што се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција.
Охрид и годинава е најбараната туристичка дестинација во Македонија. За нашето најголемо езеро се заинтересирани најголем број од тур - операторите кои го посетија штандот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Берлинскиот саем.
На саемот Македонија е претставена како земја на езерскиот туризам, активен туризам – планинските тури и религиозен туризам. Директорката на Агенцијата, Лела Крстевска, вели дека интересот за нашите производи е голем, остварен е голем број средби со тур - оператори, не само од Германија туку и со други тур - оператори кои се заинтересирани за Македонија.
Својата понуда пред туристите од Германија ја претставија и пет туристички агенции.
„Во моментов германските тур-оператори најмногу ги привлекува Охрид во летната сезона, а она што најмногу ги одбива, тоа е минлива работа, се настаните што се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција“, вели Сузана Зелениковска од агенцијата „Фибула ер травел“.
На најголемото светско туристичко шоу во Берлин годинава на 50-годишниот јубилеј учествуваат над 10.000 излагачи, туристички работници и компании од 187 држави и територии од пет континенти.