Охридската банка Сосиете женерал обезбеди 4 милиони евра од фондот „Грин фор гроут“ кои ќе бидат пласирани во проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија. Инвестицијата од ГФГ, како што информираат од Охридска банка, ќе биде инструмент кој на банката ќе и' овозможи развој на капацитетите за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност и ќе претставува поттик за зголемување на инвестициите во овие сегменти во Македонија. Се очекува од реализација на проектите да има годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегават часови и намалување на јаглеродниот диоксид за над 7.500 метрички тони годишно. Партнерството ќе биде придружено со проширена поддршка обезбедена од страна на техничката помош од ГФГ-ТАФ за развој и имплементација на проекти за обновлива енергија. За осигурување на одржливо кредитирање, ГГФ-ТАФ ќе асистира и во имплементација на еколошки и социјални аспекти и ќе го надгледува портфолиото на кредити за енергетска ефикасност на Охридска банка.
Охридската банка Сосиете женерал обезбеди 4 милиони евра од фондот „Грин фор гроут“ кои ќе бидат пласирани во проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија.
Инвестицијата од ГФГ, како што информираат од Охридска банка, ќе биде инструмент кој на банката ќе и' овозможи развој на капацитетите за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност и ќе претставува поттик за зголемување на инвестициите во овие сегменти во Македонија. Се очекува од реализација на проектите да има годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегават часови и намалување на јаглеродниот диоксид за над 7.500 метрички тони годишно.
Партнерството ќе биде придружено со проширена поддршка обезбедена од страна на техничката помош од ГФГ-ТАФ за развој и имплементација на проекти за обновлива енергија. За осигурување на одржливо кредитирање, ГГФ-ТАФ ќе асистира и во имплементација на еколошки и социјални аспекти и ќе го надгледува портфолиото на кредити за енергетска ефикасност на Охридска банка. Според претседателката на УО на Охридска банка, Бранка Павловиќ, банката сега има поголем капацитет да продолжи со поддршка на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на транзицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина.
ГФГ е посветен на подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на користењето обновливи извори на енергија во ЈИЕ, вклучувајќи ги: Албанија, БиХ, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, како и блиското источноевропско соседство.