Охридска банка најдобра во Македонија според „Глобал фајнанс“

Bez autora
Mar 23 2016

Охридска банка Сосиете женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од магазинот „Глобал фајнанс“, кој на 15 март 2016 по дваесет и трети пат ги именуваше најдобрите банки на пазарите во развој во Централна и Источна Европа. Од банката информираат дека уредништвото на „Глобал фајнанс“ врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентни аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска банка Сосиете женерал, Македонија, за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја.

Охридска банка најдобра во Македонија според „Глобал фајнанс“Охридска банка Сосиете женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од магазинот „Глобал фајнанс“, кој на 15 март 2016 по дваесет и трети пат ги именуваше најдобрите банки на пазарите во развој во Централна и Источна Европа.

Од банката информираат дека уредништвото на „Глобал фајнанс“ врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентни аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска банка Сосиете женерал, Македонија, за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја.

Критериумите за избор на победниците вклучуваа раст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи.

„Успеавме да одговориме на високо поставените критериуми со што докажавме дека Охридска банка Сосиете женерал посветено, стратешки и на долг рок работи на македонскиот пазар“, истакна Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете женерал.

Наградата ќе биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври годинава во рамките на годишното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, САД.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik