На околу 400 индивидуални земјоделци ќе им се даде шанса да стекнат старосна пензија. Владата на последната седница ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предлага осигурувањето од Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој се применуваше од 1978 до 1988 година, на индвидуалните земјоделци да им се пресметува како стаж. Решението ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година. Ова на вчершната прес-конференција го најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека со ова законско решение им се излегува во пресрет на барањата на здруженијата на земјоделци, синдикатите и голем број на граѓани.
На околу 400 индивидуални земјоделци ќе им се даде шанса да стекнат старосна пензија. Владата на последната седница ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предлага осигурувањето од Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој се применуваше од 1978 до 1988 година, на индвидуалните земјоделци да им се пресметува како стаж. Решението ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година.
Ова на вчершната прес-конференција го најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека со ова законско решение им се излегува во пресрет на барањата на здруженијата на земјоделци, синдикатите и голем број на граѓани.
„Ако осигуреникот нема целосно утврден стаж на осигурување по 1 јануари 1989 година, за да го оствари право на старосна пензија, ќе му се смета и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците кој се применуваше од 1978 година до 1988 година, но само доколку бил пријавен и придонесот за тоа осигурување е платен во време додека важел Законот за старосно осигурување на земјоделците. Исто така, ќе мора да му е платен и придонесот за пензиско осигурување за период по 1 јануари 1989 година, до исполнување на условот од 15 години стаж на осигурување“, појасни Спасов.
За оваа мерка, како што додаде министерот, Владата ќе одвои околу 34 милиони денари на годишно ниво за исплата на пензии.
Слична одредба важеше до 2007 година, кога осигурување од 1978 до 1988 година на земјоделците им се признаваше како стаж, но Владата го укина со објаснување дека веќе си ја завршила својата улога.