Зголемената продажба на домашниот и на странскиот пазар, заедно со поволните меѓународни цени и оперативните активности, како што е оптимизацијата на синџирот на снабдување, и' овозможија на „Окта“ да оствари добри финансиски резултати во првиот квартал годинава. Така приспособената заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација во овој период достигна 102 милиони денари, што според компанијата е највисоко ниво во последните пет години. Профитот пред оданочување, пак, достигна 17 милиони денари, во споредба со загубата од 33 милиони денари во првиот квартал на 2015 година.
Зголемената продажба на домашниот и на странскиот пазар, заедно со поволните меѓународни цени и оперативните активности, како што е оптимизацијата на синџирот на снабдување, и' овозможија на „Окта“ да оствари добри финансиски резултати во првиот квартал годинава.
Така приспособената заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) во овој период достигна 102 милиони денари, што според компанијата е највисоко ниво во последните пет години.
Профитот пред оданочување, пак, достигна 17 милиони денари, во споредба со загубата од 33 милиони денари во првиот квартал на 2015 година.
„Резултатот ќе беше за 20 милиони денари подобар доколку немаше разлика во трендот помеѓу домашните малопродажни цени и цените на меѓународниот пазар“, нагласуваат од компанијата.
Ваквите позитивни резултати го зајакнаа слободниот готовински тек на компанијата и придонесоа за одржување на готовината на повисоко ниво во однос на банкарските кредити за околу 853 милиони денари, што е доволно да ги покрие планираните годишни капитални трошоци, како и исплатата на дивиденда предложена за наредното Генерално собрание, се наведува во соопштението од компанијата.
Минатата година заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација изнесуваше 444 милиони денари, во споредба со 182 милиони денари во 2014 година.
Кумулативниот профит пред оданочување достигна 96 милиони денари, во споредба со загубата од 522 милиони денари во 2014, што главно се должеше на расходите за доброволната програма за пензионирање во вредност од 289 милиони денари.
Компанијата како општествено одговорна компанија во изминатиот период ја заврши и кампањата „Шанса за живот“, а преку Програмата за практиканти уште еднаш им даде можност на младите професионалци дополнително да го развијат своето академско знаење.