„Окта“ со профит пред оданочување од 96 милиони денари

Bez autora
Mar 01 2016

Компанијата „Окта“ на крајот на минатата година оствари заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација во износ од 444 милиони денари, во споредба со 182 милиони денари во 2014 година, покажуваат финансиските резултати. Како што се вели во образложението што компанијата го достави до Берзата, кризата на глобалниот нафтен пазар и рекордно ниските цени во четвртиот квартал придонесоа за намалување на резултатот за 42 милиони денари. Сепак, кумулативниот профит пред оданочување достигна 96 милиони денари, во споредба со загубата од 522 милиони денари една година претходно, што главно беше поради доброволната програма за пензионирање во вредност од 289 милиони денари.

„Окта“ со профит пред оданочување од 96 милиони денариКомпанијата „Окта“ на крајот на минатата година оствари заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) во износ од 444 милиони денари, во споредба со 182 милиони денари во 2014 година, покажуваат финансиските резултати.

Како што се вели во образложението што компанијата го достави до Берзата, кризата на глобалниот нафтен пазар и рекордно ниските цени во четвртиот квартал придонесоа за намалување на резултатот за 42 милиони денари.

Сепак, кумулативниот профит пред оданочување достигна 96 милиони денари, во споредба со загубата од 522 милиони денари една година претходно, што главно беше поради доброволната програма за пензионирање во вредност од 289 милиони денари.

Од „Окта“ велат дека ликвидноста лани остана на одлично ниво, при што достапната готовина ги надмина позајмувањата за 853 милиони денари и по покривањето на потребите за капиталните инвестиции од 131 милион денари.

Од „Окта“, исто така, наведуваат дека според официјалните пазарни податоци, компанијата останува главен снабдувач на гориво во земјата, покривајќи повеќе од две третини од потребите на домашниот пазар.

Преку примена на комерцијалната политика во комбинација со ниските оперативни трошоци, лани бил зголемен уделот како на домашниот пазар така и на Косово, остварувајќи значителни извозни количини во последниот квартал на 2015 година.

„Финансиската ефикасност беше придружена и со успех во програмата за корпоративна општествена одговорност. Така, крајот на 2015 година беше одбележан со комплетирањето на напредните проекти за заштита на животната средина. Долгорочниот придонес на компанијата во кампањата ’Шанса за живот‘ беше препознаен со добивање на Меѓународната награда за најдобра општествено одговорна програма“, се вели во образложението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik