Органската храна треба да биде подостапна за потрошувачите

Bez autora
Mar 30 2017

Органското производство може да биде поевтино од конвенционалното ако се применуваат адекватни искуства и техники. Производителите треба да вложат повеќе труд и знаење за да ја направат органската храна што подостапна, бидејќи во регионот и натаму е предизвик платежната моќ на потрошувачите. Ова се поентите од завршниот настан од проектот за јакнење на капацитетите на Мрежата за органско производство на Југоисточна Европа (СЕЕОН). Воедно беше промовирана и интернет-платформата „Сееон.орг“, која овозможува секој производител да креира свој профил и со тоа да биде достапен на национално и регионално ниво. На неа ќе има и информации за потрошувачи, за тоа каде може да се купи органска храна и по која цена. Предвиден е и органски советник со повеќе интернет-алатки за самоедукација на земјоделците и со новини во секторот.

Органската храна треба да биде подостапна за потрошувачитеОрганското производство може да биде поевтино од конвенционалното ако се применуваат адекватни искуства и техники. Производителите треба да вложат повеќе труд и знаење за да ја направат органската храна што подостапна, бидејќи во регионот и натаму е предизвик платежната моќ на потрошувачите. Ова се поентите од завршниот настан од проектот за јакнење на капацитетите на Мрежата за органско производство на Југоисточна Европа (СЕЕОН).

Воедно беше промовирана и интернет-платформата „Сееон.орг“, која овозможува секој производител да креира свој профил и со тоа да биде достапен на национално и регионално ниво. На неа ќе има и информации за потрошувачи, за тоа каде може да се купи органска храна и по која цена. Предвиден е и органски советник со повеќе интернет-алатки за самоедукација на земјоделците и со новини во секторот.

„Свесноста кај македонските потрошувачи за бенефитите од органскиот начин на исхрана е с` поголема, а во континуитет расте и бројот на органски производители, како и на сертицифираните површини под органско земјоделство. Во 2016 година се евидентирани 533 производители“, нагласи Валентина Митева од Министерството за земјоделство. Од 2015 година субвенциите за органско градинарство во однос на конвенционалното се зголемени 100 отсто, за органско овоштарство и лозарство 70 проценти, додека за органското поледелство, сточарство и пчеларство вкупно 50 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik