Органското производство бара многу знаење и информации

Bez autora
Sep 19 2016

Малите фарми, фрагментираните површини, недостигот од репроматеријали, современа опрема за берба и постбербени операции, недоволниот број ладилници и немањето информации, особено во руралните средини, се клучните предизвици со кои се соочува македонското органско земјоделство. Како што беше речено на саботната работилница за новинари во Велес, дополнителен проблем се финансиите, а се' уште нема и доволен број тренирани советници. Решението, според експертите, е во договорното производство што подразбира здружување и поврзување на сите чинители, производителите, науката и институциите, како и дефиниран пласман.

Органското производство бара многу знаење и информацииМалите фарми, фрагментираните површини, недостигот од репроматеријали, современа опрема за берба и постбербени операции, недоволниот број ладилници и немањето информации, особено во руралните средини, се клучните предизвици со кои се соочува македонското органско земјоделство.

Како што беше речено на саботната работилница за новинари во Велес, дополнителен проблем се финансиите, а се' уште нема и доволен број тренирани советници. Решението, според експертите, е во договорното производство што подразбира здружување и поврзување на сите чинители, производителите, науката и институциите, како и дефиниран пласман.

„Македонија има голем потенцијал за органско земјоделство, одлични еколошки услови, традиција и земјоделци кои си ја знаат работата. Но, процесот бара многу знаење и информации. Едукацијата е неопходна на сите нивоа и постојано, затоа што работите во континуитет се менуваат“, рече професорката Рукие Агуч, од Факултетот за земјоделски науки и храна. Според неа, земјоделците тешко набавуваат и органско семе, немаат соодветна механизација, а поради несигурниот пласман, ретко кој од нив преминува од конвенционално во органско производство.

Сертифицирањето отвора сосема поинакви дилеми. Анализите на терен покажуваат дека потрошувачите не се потполно сигурни во домашните органски производи и се' уште со недоверба и сомнеж гледаат во сертификатот. Тоа, според експертите, е неоправдано и причината ја гледаат во недоволната информираност.

„Производителите ги нудат своите производи како органски, со образложение дека се еколошки и дека не содржат остатоци од пестициди. А, купувачите сметаат дека органски се оние производи што се мали, црвливи и со флеки. Но, ниту едното, ниту другото е точно. Органски се само оние кои имаат сертификат од акредитирано тело“, подвлече Валентитна Колар-Јовановска, од „Балкан биосерт“.

Работилницата за новинарите во Велес беше поддржана од швајцарската агенција за развој и ИМЕ програмата за зголемување на пазарот и вработувањето, чии активности овозможија македонски органски грав и лековити зачински билки првпат да се произведуваат за пазарот во Швајцарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik