Ориз ќе се произведува со систем капка по капка

Bez autora
Jun 15 2016

Производство со поголеми приноси, заштеда на вода и ѓубре се очекува да се обезбеди на кочанските оризови полиња со искористување на системот за наводнување капка по капка. Новиот систем, спротивен од традиционалното производство на ориз во Македонија, ќе биде тестиран на опитните полиња на Институтот за ориз од Кочани. Вчера на овие полиња, министерот за земјоделство Михаил Цветков и градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, официјално го пуштија во употреба системот за наводнување капка по капка, во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија „Одржливо производство на ориз 2016“.

Ориз ќе се произведува со систем капка по капкаПроизводство со поголеми приноси, заштеда на вода и ѓубре се очекува да се обезбеди на кочанските оризови полиња со искористување на системот за наводнување капка по капка.

Новиот систем, спротивен од традиционалното производство на ориз во Македонија, ќе биде тестиран на опитните полиња на Институтот за ориз од Кочани.

Вчера на овие полиња, министерот за земјоделство Михаил Цветков и градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, официјално го пуштија во употреба системот за наводнување капка по капка, во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија „Одржливо производство на ориз 2016“.

Целта на опитот е да се поттикне поконкурентно производство на ориз во земјава и намалување на производните трошоци на земјоделците.

Производителите, пак, се скептични за новиот начин на производство на ориз. Особено ги плашат начините за заштита на родот од плевел со капка по капка, како и висината на инвестициите кои би требало да ги направат.

„Ова е прво опитно поле со ориз и примена на систем капка по капка. На сите им е познат традиционалниот начин на производство на ориз кај нас со поплавување на нивите и сеење во вода. Новиот систем ќе ја дозира употребата на вода и примената на ѓубре, а ќе се проба и засејување на суво. Очекуваме да видиме какви резултати ќе се постигнат, особено целите за поголем принос, квалитет и зголемување на конкурентноста на оризопроизводителите, со намалување на производната цена“, рече министерот Цветков.

Градоначалникот Димитровски посочи дека техниките на производство на ориз имаат потреба од осовременување, особено што од оваа дејност во кочанскиот крај егзистираат 3.000 семејства. Земјоделците кои ќе сакаат да ги воведат системите капка по капка ќе имаат поддршка од ИПА-фондовите, преку покривање на 80 проценти од инвестицијата.

Со проектот на УСАИД, на опитните полиња на Институтот за ориз се засадени 3 декари ориз од две сорти кои традиционално се одгледуваат во Кочанско. Според директорот на Институтот, Добре Андов, целта е да се споредат резултатите меѓу овој и традиционалниот начин на производство, особено во поглед на заштедата на вода, ѓубре и хербициди, но и подигнувањето на количината на приносите.

Од 2013 до 2015, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси има поставено системи за наводнување капка по капка на 280 полиња со пченка и сончоглед во Полог, Пелагонија, Североисточниот и Вардарскиот регион.

Со помош на овие системи, земјоделци успеаја да ги зголемат приносите за два до три пати, да користат 30-60 проценти помалку вода. Во УСАИД очекуваат како што ќе се зголемува бројот на земјоделци кои ќе го користат овој пристап на производството на пченка и сончоглед, а сега и ориз, да се подобрува конкурентноста, профитабилноста, продуктивноста и одржливоста на малите агробизниси.

Нема интервентен откуп на ориз

Нема да има интервентен откуп на ориз за стоковите резерви, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков, бидејќи како што образложи, за тоа нема законска основа.

Сепак, тој потенцира дека се размислува на оризопроизводителите да им се помогне да ја надминат состојбата со големите резерви и заситеноста на пазарот преку дополнителна финансиска помош за секој килограм предаден во производствен капацитет. Предлогот вчера требаше да се најде на седница на Владата, за да добие зелено светло.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik