Осигурителите ќе се подготвуваат за ЕУ според шпански модел

Bez autora
Apr 24 2016

Подготовка на нов закон за осигурување по ЕУ-директивите, зајакнати капацитети на Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и зголемени капацитети на Агенција преку зголемена свесност во врска со заштита на потрошувачите е целта на осумнаесетмесечниот твининг-проект кој е поддржан со 700.000 евра од ЕУ. Проектот вчера официјално беше претставен во Скопје. Спроведувањето произлегува од потребата од хармонизација на постојната регулатива со европското законодавство. Исходот од проектот, како што беше посочено на промоцијата, е понатамошно доближување на регулаторните системи со ЕУ-директивите со цел да може целосно да учествува во внатрешниот пазар по влегувањето во Унијата.

Осигурителите ќе се подготвуваат за ЕУ според шпански моделПодготовка на нов закон за осигурување по ЕУ-директивите, зајакнати капацитети на Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) и зголемени капацитети на Агенција преку зголемена свесност во врска со заштита на потрошувачите е целта на осумнаесетмесечниот твининг-проект кој е поддржан со 700.000 евра од ЕУ.

Проектот вчера официјално беше претставен во Скопје. Спроведувањето произлегува од потребата од хармонизација на постојната регулатива со европското законодавство.

Исходот од проектот, како што беше посочено на промоцијата, е понатамошно доближување на регулаторните системи со ЕУ-директивите со цел да може целосно да учествува во внатрешниот пазар по влегувањето во Унијата.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски, посочи дека директивата Солвеност II носи новости истовремено за друштвата за осигурување, супервизијата и корисниците на осигурувањето.

„Тие промени се толку опсежни, што ќе влијаат на промената на целиот бизнис-модел на друштвата за осигурување, како и моделот на спроведување на супервизијата што ќе биде заснован на ризици. Затоа е добро што овој процес се иницира кога Македонија е со статус кандидат за членство во ЕУ и оти со тоа визионерски се гледа на осигурителниот пазар, чија крајна цел е да се овозможи на пазарните учесници да работат во напреден регулиран супервизорски амбиент“, рече Попоски.

Државникот секретар во Министерството за финансии, Игор Димитров, потенцира дека Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ континуирано го подобрува законодавството и ги имплементира стандардите на ЕУ.

Тој додаде дека во моментов функционирањето на осигурителниот пазар се регулира со Закон за супервизија на осигурувањето, така што преку овој проект користејќи го шпанското искуство, ќе се стигне до она што се очекува, односно нов закон за осигурување со имплементирани ЕУ-директиви.

Шпанскиот амбасадор Рамон Абароа потенцира дека тие ќе го пренесат своето искуство во оваа област и ќе го стават целиот расположлив капацитет за оваа земја да го подобри пристапот во еден огромен единствен пазар. Посочи дека имаат спроведено над 300 успешни твининг-проекти во 30 различни земји.

Мартин Клауке, од Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека новите регулативи во ЕУ се услов за секоја земја која сака да стане член на ЕУ. Оцени дека во 2015 година има успешен напредок во областа на осигурувањето и оти финансиските услуги се сигурни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik