Остварен промет од 596 илјади евра

Bez autora
Mar 27 2016

Изминатата недела на Македонската берза беше остварен промет од редовното тргување од 36.776.064 денари, од кои 99,85 отсто на Официјалниот пазар, и 52.200 денари на Редовниот пазар. Прометот од редовното тргување со акции на неделно ниво бележи зголемување од 108,72 отсто во споредба со претходната недела. Прометот од тргување со обврзници бележи намалување од 16,27 отсто во споредба со претходната недела. Најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на Комерцијална банка Скопје со 17.384.768 денари. На Редовниот пазар се тргуваше со акциите на Квасара Битола, со кои беше реализиран целокупниот промет од 52.200 денари.

Остварен промет од 596 илјади евраИзминатата недела на Македонската берза беше остварен промет од редовното тргување од 36.776.064 денари (596 илјади евра), од кои 99,85 отсто (36.723.864 денари) на Официјалниот пазар, и 52.200 денари (0,14 отсто) на Редовниот пазар.

Прометот од редовното тргување со акции на неделно ниво бележи зголемување од 108,72 отсто во споредба со претходната недела. Прометот од тргување со обврзници бележи намалување од 16,27 отсто во споредба со претходната недела.

Најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на Комерцијална банка Скопје со 17.384.768 денари. На Редовниот пазар се тргуваше со акциите на Квасара Битола, со кои беше реализиран целокупниот промет од 52.200 денари.

На Официјалниот пазар најголем пораст забележаа акциите на ЕМО Охрид за 38,33 отсто, а најголем пад акциите на „Арцелормиттал Скопје“ (ЦРМ) за 26,25 отсто.

Во неделата што измина на берзата се склучија две системски блок-трансакции. Во едната, беа продадени 90 обични акции на „Макпетрол“- Скопје по цена од 17.030 денари за една акција, што претставува 0,08 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 1.532.700 денари.

Во втората се тргуваше со 30 обични акции на „Фершпед“ - Скопје по цена од 40.000 денари за една акција, што претставува 0,17 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.200.000 денари.

Главниот берзански индекс МБИ10 на неделно ниво забележа пад од 1,18 отсто и трговската недела ја заврши со вредност од 1.778,98 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ на неделно ниво забележа пораст од 0,05 отсто и трговскиот ден го заврши со вредност од 128,43 индексни поени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik