Речиси две третини од тутунот во државата веќе е откупен. Предадени се околу 15 илјади тони од реколтата што се проценува на 20 илјади тони. Откупот тече без поголеми проблеми. Државата ги засили контролите, па на крајот се чини сите ќе бидат задоволни, и тутунарите и откупувачите. Просечната цена на откупениот тутун достигна 193 денари. Дополнително, субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари, што значи дека во моментов производителите во просек добиваат по 253 денари. До второстепената комисија досега нема поднесено жалби од земјоделците околу откупната цена на „жолтото злато“. Ова го потврдија од Министерството за земјоделство, иако не ја исклучуваат можноста да пристигнат неколку во претстојниот период, пред се' од оние производители кои родот требаше да го предадат во „Струмица табак“, кој не ги отвори пунктовите за околу 3.500 кооперанти и не достави бонитет во предвидениот рок.
Речиси две третини од тутунот во државата веќе е откупен. Предадени се околу 15 илјади тони од реколтата што се проценува на 20 илјади тони. Откупот тече без поголеми проблеми. Државата ги засили контролите, па на крајот се чини сите ќе бидат задоволни, и тутунарите и откупувачите.
Просечната цена на откупениот тутун достигна 193 денари. Дополнително, субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари, што значи дека во моментов производителите во просек добиваат по 253 денари.
До второстепената комисија досега нема поднесено жалби од земјоделците околу откупната цена на „жолтото злато“. Ова го потврдија од Министерството за земјоделство, иако не ја исклучуваат можноста да пристигнат неколку во претстојниот период, пред се' од оние производители кои родот требаше да го предадат во „Струмица табак“, кој не ги отвори пунктовите за околу 3.500 кооперанти и не достави бонитет во предвидениот рок.
Од Сојузот на тутунските здруженија сметаат дека ако временските услови им одат во прилог, односно ако температурите не бидат многу ниски, тогаш е можно откупот на тутунот да заврши во февруари, пред крајниот рок на 15 март.