Отпадот да оди во фабрика, а не на депонија

Bez autora
Jan 24 2017

Намалување на количините на отпад кои ги произведува секое семејство, како и поттикнување на рециклирањето и реупотребата, се дел од целите на новиот закон за управување со отпад, кој ќе се подготвува во текот на следните две години. Македонската регулатива ќе треба да се приспособи на новите европски прописи, кои предвидуваат на отпадот повеќе да се гледа како секундарна суровина, а не како на ѓубре кое треба да заврши во депонија. Проектот за приспособување на новиот закон со новата директива на ЕУ за управување со отпад 2008/98 ќе го имплементира Министерството за животна средина преку твининг-проектот за спроведување на рамковната директива за отпад и директивите за посебни текови на отпад.

Отпадот да оди во фабрика, а не на депонијаНамалување на количините на отпад кои ги произведува секое семејство, како и поттикнување на рециклирањето и реупотребата, се дел од целите на новиот закон за управување со отпад, кој ќе се подготвува во текот на следните две години. Македонската регулатива ќе треба да се приспособи на новите европски прописи, кои предвидуваат на отпадот повеќе да се гледа како секундарна суровина, а не како на ѓубре кое треба да заврши во депонија.

Проектот за приспособување на новиот закон со новата директива на ЕУ за управување со отпад 2008/98 ќе го имплементира Министерството за животна средина преку твининг-проектот за спроведување на рамковната директива за отпад и директивите за посебни текови на отпад.

Една од целите на поставувањето еколошки стандарди за отпадот е и фактот што Македонија има само една регулирана депонија, скопската „Дрисла“. До отворањето на новите регионални депонии, отпадот од сите други делови од земјава ќе се одлага во нестандардни, односно диви депонии.

Како што информираше Ана Каранфилова-Мазневска од Управата за животна средина, количините на отпад кои ги создаваат семејствата во последните години, наместо да се намалуваат, се зголемуваат.

„Измените на законот ќе ги сменат и одредбите кога отпадот престанува да биде отпад, кога се смета за секундарна суровина и кој утврдува дали ќе биде секундарна суровина или отпад. Ќе се промени и хиерархијата на управувањето со отпад. Ако порано беше рециклирај, реупотреби за енергија, па депонирај, сега приоритет ќе се даде на намалувањето на отпадот, па потоа и на рециклирањето, реупотребата и депонирањето. Се прават програми за превенција како да се потрудиме да го намалиме создавањето отпад што го генерираме, а не само да размислуваме што ќе правиме со него откако сме го создале“, рече Каранфилова-Мазневска.

Приспособувањето на законот за управување со отпад ќе предизвика и измени во законите кои го третираат отпадот од пакување, електронскиот и електричниот отпад и батериите и акумулаторите.

Сепак, засега нема да има промени во методологијата на пресметка на цените за ѓубрарина која ја плаќаат граѓаните. Имено, принципот на формирање на цената според површината на домаќинството или деловниот објект ќе остане во сила се' додека не се отворат регионалните депонии и не се создадат технички услови за менување на методологијата. За разлика од кај нас, голем број држави преку намалување на сметките ги мотивираат граѓаните и компаниите да создаваат помалку отпад, а повеќе да селектираат и да рециклираат.

Постојниот закон, потенцира, Каранфилова-Мазневска, веќе има утврдена методологија за формирање на цената за управување со комуналниот отпад од собирање на местото на создавање, селекција, транспорт, третман на отпадот, депонирањето и грижата за депонијата кога ќе престане да работи. Оваа методологија е донесена уште во 2013 година, а општините се тие кои ја формираат цената.

Една од целите на измените на законот, според Каранфилова-Мазневска, ќе биде и поттикнување на развојот на секторот за преработка на отпадот, со оглед на тоа дека во моментов, во Македонија постојат само капацитети за преработка на отпадна пластика, а другиот селектиран отпад се извезува.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik