Три нови фабрики со кои ќе се отворат над 750 нови работни места најави денеска од Битола премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Станува збор за американска компанија која котира на Њујоршката берза од областа на аутсорсингот на бизнис услуги и со чија инвестиција ќе се отворат 2.000 нови работни места од кои 500 во Битола. Компанијата минатата недела потпишала договор со Владата за отворање на своја компанија во Македонија, односно во Скопје и Битола. - Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи, нагласи Груевски на собирот во Битола. Осврнувајќи се на инвестициите во битолскиот регион, Груевски посочи дека турската компанија Chelmak Agricultural Machinely купила градежно земјиште во индустриската зона Жабени каде ќе гради погон за производство на земјоделска механизација.
Три нови фабрики со кои ќе се отворат над 750 нови работни места најави денеска од Битола премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Станува збор за американска компанија која котира на Њујоршката берза од областа на аутсорсингот на бизнис услуги и со чија инвестиција ќе се отворат 2.000 нови работни места од кои 500 во Битола.
Компанијата минатата недела потпишала договор со Владата за отворање на своја компанија во Македонија, односно во Скопје и Битола. - Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи, нагласи Груевски на собирот во Битола.
Осврнувајќи се на инвестициите во битолскиот регион, Груевски посочи дека турската компанија Chelmak Agricultural Machinely купила градежно земјиште во индустриската зона Жабени каде ќе гради погон за производство на земјоделска механизација.Се очекува производството да започне кон крајот на годинава, а со оваа инвестиција од пет милиони евра ќе се отворат 150 работни места.
Во битолско Кравари пак ќе се гради фабрика за производство на чипс која ќе извезува во цела Европа и со која инвестиција ќе се обезбедат над 100 вработувања. Парцелата, како што посочи Груевски, е купена и се очекува во текот на годината да започне производството.
- Во Жабени се продадоа уште неколку парцели за градење фабрики, а постои интерес од неколку други компании за инвестиции во Битола и битолско, со кои преговорите на тимот за инвестиции се во тек. Тоа е нашата бораб за секое работно место и ништо нема да дозволиме да не дефокусира од таа наша цел која е од интерес за сите граѓани, нагласи Груевски на собирот во Битола.