Отворен нов погон во индустриската зона „Прилеп 1“

Bez autora
Nov 20 2016

Во индустриската зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“ денеска е отворен нов погон на прилепската фирма „Стара фурна“. Владимир Апостолоски, еден од тројцата сопственици, истакна дека фирмата почнала со работа пред четири години со тројца, а сега има 39 вработени. Почнавме точно пред четири години. Преку програмата на Владата за самовработување, почнавме со тројца вработени, а денеска имаме 39, а во иднина да стигнеме до 100 вработени. Планираме да отвориме млчечен ресторан овде, за потребите на индустриската зона, истакна Апостолоски.

Отворен нов погон во индустриската зона „Прилеп 1“Во индустриската зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“ денеска е отворен нов погон на прилепската фирма „Стара фурна“.

Владимир Апостолоски, еден од тројцата сопственици, истакна дека фирмата почнала со работа пред четири години со тројца, а сега има 39 вработени.

- Почнавме точно пред четири години. Преку програмата на Владата за самовработување, почнавме со тројца вработени, а денеска имаме 39, а во иднина да стигнеме до 100 вработени. Планираме да отвориме млчечен ресторан овде, за потребите на индустриската зона. Добитници сме на наградата газели како најбрзорастечка фирма и сме во првите 20 во медитеранот. Го отвораме овој погон во зоната на 6.000 метри квадратни. Инвестицијата е околу 500 000 евра. Ни беше потребно да го прошириме капацитетот зошто имаме се поголема побарувачка на леб во Кавадарци, Велес, а се надеваме дека наскоро ќе пласираме и во Скопје, истакна Апостолоски.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, фирмата „Стара фурна“ е успешна приказна на успешен бизнис.

- Ова е еден од 10-те објекти кои се градат во индустриската зона „Прилеп 1“. Ова е вториот готов објект, по погонот на фирмата „Дониа“. Локалната самоуправа вложи околу еден милион евра за уредување на инфраструктурата во индустриската зона. Зоната треба да донесе нови 1.500 до 2.000 нови вработувања, рече Ристески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik