Отворена фабриката на американски „Адиент“ во Струмица

Bez autora
Jun 15 2017

Премиерот Заев денеска заедно со амбасадорот на САД, Џес Бејли, потпретседател на операциите на фабриката „Адиент“, Владимир Теплик, и директорот на Дирекцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, ја пресече лентата на новата фабрика во ТИРЗ Струмица. Како влада силно посветена на евро-атлантските интеграции, широко ги отвораме перспективите на Република Македонија за квалитетен живот на граѓаните на нашата земја. Денеска е отворањето на американската фабрика „Адиент“, којашто почна да се гради пред доаѓањето на новата влада, овде, во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица. Проектот го почна претходната влада, како градоначалник тогаш дадов поддршка на овој проект и го поздравив. Еве, денеска ја имам честа да присуствувам на неговото свечено отворање, да го поздравам, да ја понудам целосната поддршка, моја и на новата влада во нејзината перспектива која проектира овде за струмичкиот регион и за нашата Македонија, изјави Заев.

Отворена фабриката на американски „Адиент“ во СтрумицаПремиерот Заев денеска заедно со амбасадорот на САД, Џес Бејли, потпретседател на операциите на фабриката „Адиент“, Владимир Теплик, и директорот на Дирекцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, ја пресече лентата на новата фабрика во ТИРЗ Струмица.

„Како влада силно посветена на евро-атлантските интеграции, широко ги отвораме перспективите на Република Македонија за квалитетен живот на граѓаните на нашата земја. Денеска е отворањето на американската фабрика ‘Адиент’, којашто почна да се гради пред доаѓањето на новата влада, овде, во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица. Проектот го почна претходната влада, како градоначалник тогаш дадов поддршка на овој проект и го поздравив. Еве, денеска ја имам честа да присуствувам на неговото свечено отворање, да го поздравам, да ја понудам целосната поддршка, моја и на новата влада во нејзината перспектива која проектира овде за струмичкиот регион и за нашата Македонија“, изјави Заев.

Според премиерот, оваа странска, американска инвестиција отвора работни места и поради тоа е од огромно значење на граѓаните на нашата земја.

„Инвеститорот ќе остварува приход и профит. Граѓани на Македонија ќе бидат вработени, а државата ќе наплаќа данок. Сето тоа е добро и корисно за сите и тука сум да испратам порака дека ние, како сериозна и одговорна влада, го поддржуваме овој значаен проект.

И сакам да ве уверам дека ќе одиме чекори понатаму во работата во интерес на граѓаните. Ќе работиме да обезбедиме услови оваа компанија, позната за регионот, којашто се решила да инвестира тука, да остане и да се развива во нашата држава и да отвори и нови работни места, покрај најавените“, рече Заев.

Струмица, според премиерот, е првата општина во Југоисточна Европа што доби Меѓународен сертификат за поволно деловно опкружување пред 5 години, како еден од најважните фактори за бизнис секторот и привлекување инвеститори.

Заев потенцираше дека исполнувањето на словите за ЕУ и НАТО ќе ја постави Македонија меѓу државите стабилни за инвестирање, а тоа ќе биде охрабрување за странските инвеститори, вистински, квалитетни, модерни, развиени компании како оваа, да вложуваат во Македонија, но и дека ќе биде охрабрување и за домашните фирми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik