Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска отвори инфо-линија наменета за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани со цел навреме да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат. Телефонските броеви на кои ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се 071/204-137; 070/415-314; 070/415-389. Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 8 часот наутро до 17 часот попладне. Преку инфо-линијата земјоделците и агробизнисмените ќе може да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите други информации од областа на земјоделство. Воедно, преку инфо-линијата ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и информации за незаконски дејства, соопшти МЗШВ.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска отвори инфо-линија наменета за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани со цел навреме да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат.
Телефонските броеви на кои ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се 071/204-137; 070/415-314; 070/415-389.
Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 8 часот наутро до 17 часот попладне.
„Преку инфо-линијата земјоделците и агробизнисмените ќе може да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите други информации од областа на земјоделство. Воедно, преку инфо-линијата ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и информации за незаконски дејства“, соопшти МЗШВ.
Воведувањето на инфо-линијата како модел за транспарентност е новина и првпат се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.