Отворена нова сезонска авиолинија од Охрид до Варшава

Bez autora
Jun 05 2018

Првиот лет од Варшава пристигна на 4 јуни во 16.20 часот на oхридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, во организација на полскиот тур-оператор „Рејнбоу“, опериран од страна на авиокомпанијата „Ентер ер“. Новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава ќе се одвиваат секој понеделник за време на летната сезона до 21 септември. Авионите од моделот „боинг 737-800“ ќе пристигнат од Варшава на аеродромот во Охрид со почеток во 16.20 часот и ќе заминат за полскиот главен град во 18.30 часот. Минатото лето беше отворена линијата Катовице-Охрид.

Отворена нова сезонска авиолинија од Охрид до ВаршаваПрвиот лет од Варшава пристигна на 4 јуни во 16.20 часот на oхридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, во организација на полскиот тур-оператор „Рејнбоу“, опериран од страна на авиокомпанијата „Ентер ер“.

Новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава ќе се одвиваат секој понеделник за време на летната сезона до 21 септември. Авионите од моделот „боинг 737-800“ ќе пристигнат од Варшава на аеродромот во Охрид со почеток во 16.20 часот и ќе заминат за полскиот главен град во 18.30 часот.

Минатото лето беше отворена линијата Катовице-Охрид. Сезонските летови од Варшава треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид, а заедно со летовите од Катовице, организирани од „Рего бис“ и „Смол планет ерлајнс“, се очекува да слетаат вкупно 9.000 патници од Полска на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година.

„Рејнбоу“ е еден од двата најголеми полски тур-оператора и соработува со полската чартер-авиокомпанија „Ентер ер“.

Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година и постојните кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има 8 сезонски дестинации за време на летната сезона и 3 редовни рути во текот на годината – Базел, Цирих и Лондон.

Од ноември 2018 година „Визер“ ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik