Отворена првата домашна фабрика за пелети

Bez autora
Aug 29 2018

Започна со работа првата домашна фабрика за пелети Eko Life, инвестиција вредна 3 милиони евра. Инвеститорот Ивица Јаќимовски, истакна дека Eko Life е компанија која е дел од семејството Голден Арт со различна дејност но која се темели на исти вредности со целосно затворен технолошки процес за производство на пелети. Eko life е компанија со која ќе се даде акцент на еко производите во Република Македонија. Првиот производ со кој започнува производството е токму „Пелет“ со кој придонесуваме по повеќе основи во Еко системот. Инвестицијата е проектирана од 3 милиони евра, временски период на реализација на инвестицијата е 6 месеци, вложени се 2 милиони и 300 илјади евра со што остатокот од 700 илјади евра ќе се инвестираат следните 6 месеци.

Отворена првата домашна фабрика за пелетиЗапочна со работа првата домашна фабрика за пелети Eko Life, инвестиција вредна 3 милиони евра.

Инвеститорот Ивица Јаќимовски, истакна дека Eko Life е компанија која е дел од семејството Голден Арт со различна дејност но која се темели на исти вредности со целосно затворен технолошки процес за производство на пелети.

„Eko life е компанија со која ќе се даде акцент на еко производите во Република Македонија. Првиот производ со кој започнува производството е токму „Пелет“ со кој придонесуваме по повеќе основи во Еко системот.

Инвестицијата е проектирана од 3 милиони евра, временски период на реализација на инвестицијата е 6 месеци, вложени се 2 милиони и 300 илјади евра со што остатокот од 700 илјади евра ќе се инвестираат следните 6 месеци. Во моментот во фабриката се вработени 40 лица, а со инвестицијата во производство на дрвени производи, предвидено е бројката на вработени за следен период да се искачи на 100 лица“ изјави Јаќимовски.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво и согласно истражувањата греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва. Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија од година во година расте.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik