Отворена втората фабрика на холандската "Антура"

Bez autora
May 07 2018

Во Кочани беше отворена втората фабрика на компанијата „Антура МК“ која што ќе отвори 250 нови работни места. Ова не е нова инвестиција којашто првпат дошла од Холандија во Македонија, ова не е прв погон на ‘Антура МК’ во Кочани, туку е втор, што значи и кажува дека компанијата препознала дека во Македонија може да има партнер за развој на својот бизнис. Сакам да ги охрабрам ‘Антура МК’ и сите останати компании да го препознаат потенцијалот на Република Македонија, посебно потенцијалот на Владата да им помогне во нивните инвестиции“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Целокупното производство на „Антура МК“ е наменето за извоз со што, како што рече, уште еднаш се потврдува значењето на компанијата за промовирање на Македонија како земја поволна за инвестирање.

Отворена втората фабрика на холандската "Антура"Во Кочани денеска беше отворена втората фабрика на компанијата „Антура МК“ која што ќе отвори 250 нови работни места.

„Ова не е нова инвестиција којашто првпат дошла од Холандија во Македонија, ова не е прв погон на ‘Антура МК’ во Кочани, туку е втор, што значи и кажува дека компанијата препознала дека во Македонија може да има партнер за развој на својот бизнис.

Сакам да ги охрабрам ‘Антура МК’ и сите останати компании да го препознаат потенцијалот на Република Македонија, посебно потенцијалот на Владата да им помогне во нивните инвестиции“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Целокупното производство на „Антура МК“ е наменето за извоз со што, како што рече, уште еднаш се потврдува значењето на компанијата за промовирање на Македонија како земја поволна за инвестирање.

Вкупната инвестиција во досегашниот тек изнесува 15 милиони евра, од кои во прва фаза се 6 милиони евра и во втора 9 милиони евра. Моментално во „Антура МК“ работат 440 лица, а до 2020 година планирано е бројот на вработени да се искачи на 700 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik