Детали за аплицирањето и добивањето субвенционирани станбени кредити заинтересираните граѓани ќе можат да добијат веќе од денеска од кога Стопанска банка - Скопје ќе организира отворени денови за своите клиенти за проектот на Владата "Купи куќа, купи стан". Во просториите на филијалите претставници на банката детално ќе ги објаснуваат условите и критериумите за субвенционираните станбени кредити и ќе одговараат на прашањата на заинтересираните, поврзани со овој и другите станбени кредити достапни од Стопанска банка. Купувањето на сопствен дом е долгорочна инвестиција што го дефинира животот на секое семејство и поединец. Процесот вклучува многу чекори и налага трпение додека се најде совршената локација, вистинските димензии, цена и начин на плаќање кои одговараат на семејниот буџет. Благодарение на богатото искуство и традиција во понудата на станбени кредити во моментов секој трет станбен кредит во Република Македонија е од Стопанска банка а.д. - Скопје.
Детали за аплицирањето и добивањето субвенционирани станбени кредити заинтересираните граѓани ќе можат да добијат веќе од денеска од кога Стопанска банка - Скопје ќе организира отворени денови за своите клиенти за проектот на Владата "Купи куќа, купи стан".
Во просториите на филијалите претставници на банката детално ќе ги објаснуваат условите и критериумите за субвенционираните станбени кредити и ќе одговараат на прашањата на заинтересираните, поврзани со овој и другите станбени кредити достапни од Стопанска банка.
- Купувањето на сопствен дом е долгорочна инвестиција што го дефинира животот на секое семејство и поединец. Процесот вклучува многу чекори и налага трпение додека се најде совршената локација, вистинските димензии, цена и начин на плаќање кои одговараат на семејниот буџет. Благодарение на богатото искуство и традиција во понудата на станбени кредити во моментов секој трет станбен кредит во Република Македонија е од Стопанска банка а.д. - Скопје. Затоа се надеваме дека заинтересираните клиенти ќе имаат голема корист од претставниците на банката кои на отворените денови ќе го пренесат нивното искуство и ќе обезбедат корисни совети за станбените кредити - информираат од Стопанска банка.