Индексот на индустриското производство во Македонија во април бележи намалување од 0,9 отсто на годишно ниво, соопшти во средата Државниот завод за статистика. Со ова е прекината позитивната низа на континуиран раст на индустриското производство од 19 месеци. Последен пат индустриското производство во Македонија забележало пад во август 2013 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година бележи опаѓање од 5,3 отсто во однос на истиот месец лани, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1 отсто.
Индексот на индустриското производство во Македонија во април бележи намалување од 0,9 отсто на годишно ниво, соопшти во средата Државниот завод за статистика.
Со ова е прекината позитивната низа на континуиран раст на индустриското производство од 19 месеци. Последен пат индустриското производство во Македонија забележало пад во август 2013 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година бележи опаѓање од 5,3 отсто во однос на истиот месец лани, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 9,0 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 8,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2015 година, во однос на истиот период од лани бележи пораст од 0,8 отсто.