Политичката криза ги топи инвестициите. За два месеци од 2017 година НБРМ пресмета минус од 12,4 милиони евра. Односно, во февруари годинава влегле 19,1 милион евра странски директни инвестиции, СДИ, а во јануари минусот изнесувал 31,9 милиони евра. Колку кризата влијае негативно на инвеститорите се гледа ако се направи споредба со истиот период лани, кога во јануари и во февруари биле влезени околу 90 милиони евра СДИ. Поради случувањата на политичката сцена, поголемиот дел од инвеститорите очигледно ги одложија најавените одлуки за инвестирање, а дел`се уште не почнале да ги реализираат вложувањата што ги посочија минатата година. Политичката ситуација веќе влијае и на економијата, која исто така оди во минус. Според последните статистички податоци, индустриското производство сво март годинава падна за 0,9 отсто во споредба со март минатата година, а падот во првиот квартал изнесува 1,5 отсто споредено со првиот квартал лани.
Политичката криза ги топи инвестициите. За два месеци од 2017 година НБРМ пресмета минус од 12,4 милиони евра. Односно, во февруари годинава влегле 19,1 милион евра странски директни инвестиции, СДИ, а во јануари минусот изнесувал 31,9 милиони евра. Колку кризата влијае негативно на инвеститорите се гледа ако се направи споредба со истиот период лани, кога во јануари и во февруари биле влезени околу 90 милиони евра СДИ.
Поради случувањата на политичката сцена, поголемиот дел од инвеститорите очигледно ги одложија најавените одлуки за инвестирање, а дел`се уште не почнале да ги реализираат вложувањата што ги посочија минатата година.
Политичката ситуација веќе влијае и на економијата, која исто така оди во минус. Според последните статистички податоци, индустриското производство сво март годинава падна за 0,9 отсто во споредба со март минатата година, а падот во првиот квартал изнесува 1,5 отсто споредено со првиот квартал лани.
За оваа година домашните институции и меѓународните финансиски институции прогнозираа раст на економијата од околу 3 отсто, но тој останува неизвесен и е можно да се оствари само ако политичкта криза во земјава биде наскоро надмината.
Инаку, вкупниот прилив на СДИ лани достигна 358,4 милиони евра, што во споредба со 2015 година беше повеќе за 141,7 милиони евра. Статистиката на НБРМ покажа и дека лани во декември во државава влегол странски капитал во вредност од 74,7 милиони евра, а најголеми инвеститори во земјава биле Германија и Турција од каде влегле 23,20 милиони евра, односно 23,14 милиони евра. Според дејностите, најмногу инвестиции имало во индустријата, потоа финансиите и осигурителните активности, рударството, градежништвото и други.
Инаку, највисок износ на инвестиции во минатата 2016 година имаше во февруари, 49,9 милиони евра и во август 43,69 милиони евра. Додека лани во јуни и во септември беше негативно салдото на инвестиции од минус 4,62, односно минус 36,13 милиони евра.
Инаку, досега убедливо најдобрата инвестициска година беше 2007 кога во земјава влегоа 506 милиони евра како и 2008, кога биле инвестирани приближно 400 милиони евра. Додека, најмалку странски директни инвестиции се слеале во 2005, само 77,21 милиони евра, потоа во 2009, 144 милиони евра и во 2012 кога влегле 111, 22 милиони евра.
Странските инвеститори во индустриските зони во земјава, според Законот за слободни зони, ослободени се од плаќање на данок на добивка, на персонален данок на доход за платите на вработените, од ДДВ при увоз на репроматеријали, имаат царински олеснувања и ослободувања и други поволности. Според последната Студија на Институтот за општествени и хуманистички науки: „Политики за привлекување на СДИ во Македонија 2007-2015 година“, од 2007 до 2015 се потрошени 59 милиони евра од буџетот како државна помош за инвеститорите, додека компаниите што работат во 15 економски зони исплатиле за плати 92,1 милион евра. Просечната плата во странските компании во зоните, пак, била 261 евро.