Штедењето во банките во земјава со тек на време станува се' почувствително на постојаното намалување на каматните стапки на штедните влогови, кое трае веќе неколку години. Ова го констатирала и Народна банка на Македонија, во нејзиниот најнов извештај кој се однесува на ризиците во банкарскиот сектор во земјава во третиот квартал од минатата година. Од централната банка сметаат дека штедењето во банките се' повеќе реагира на падот на каматните стапки на влоговите, и тоа во иднина може лошо да се одрази врз обемот на депозитите, иако веќе и сега се забележува побавен раст на влоговите.
Штедењето во банките во земјава со тек на време станува се' почувствително на постојаното намалување на каматните стапки на штедните влогови, кое трае веќе неколку години.
Ова го констатирала и Народна банка на Македонија, во нејзиниот најнов извештај кој се однесува на ризиците во банкарскиот сектор во земјава во третиот квартал од минатата година.
Од централната банка сметаат дека штедењето во банките се' повеќе реагира на падот на каматните стапки на влоговите, и тоа во иднина може лошо да се одрази врз обемот на депозитите, иако веќе и сега се забележува побавен раст на влоговите.
„Забавувањето на растот на депозитите, покрај тоа што се поврзува со домашните политички превирања и случувањата во Грција, сепак, укажува и дека штедењето станува се' почувствително на надолната промена на каматните стапки, сигнализирајќи дека нивното натамошно намалување може негативно да се одрази врз обемот на депозитите“, велат од НБМ.
На банките им се укажува да размислат за овие зголемени ризици бидејќи евентуално зголемување на каматите на депозитите, комбинирано и со присутните ризици во кредитното портфолио, ќе има директен ефект врз билансите на банките. Тоа бара навремено ревидирање на постојните стратегии, зацврстување и проширување на депозитна база, преиспитување на каматната политика и барање нови извори на профитабилност.
Но, во овој период банките се' уште остваруваат не само одлични, туку и зголемени профити. „Профитабилноста на банкарскиот систем и натаму зајакнува, при што добивката остварена во првите девет месеци од 2015 е значително поголема од добивката во истиот период од 2013 и 2014 година“, велат од НБМ.
Во третиот квартал од 2015, трендот на раст на долгорочното штедење бил прекинат, така што во порастот на депозитите најзастапени биле тие по видување, но и девизните депозити, што укажува на забавување на процесот на денаризација на депозитна активност.
„Кај кредитното портфолио се одржа истиот квалитет, при што учеството на нефункционалните во вкупните кредити се движи во рамки на вообичаеното ниво за последните две години, меѓу 11 и 12 отсто. Годишниот раст на нефункционалните кредити видно забави, што доведе до намалување на нивното учество во вкупните, 11,7 отсто. Сепак, во споредба со јуни 2015, има мало влошување на овој показател. Ова се должи само на движењата кај нефинансиските друштва“, објаснуваат од НБМ.
Побрзиот раст на кредитите во споредба со депозитите во третиот квартал од 2015, предизвикал минимално намалување на ликвидните средства. Но тие и натаму обезбедуваат задоволителна покриеност на краткорочните обврски на банките и на депозитите на домаќинствата.
Активата малку влошена, профитот расте
Финансиската стабилност на банкарскиот сектор во земјава се намалила во третиот квартал лани. Ова го покажува Индексот за финансиска стабилност на банкарскиот сектор на земјава, кој го изработува институтот „Фајнанс тинк“.
Како што наведуваат, ова се должи главно на влошениот квалитет на активата, како резултат на порастот на нефункционалните кредити и намалување на покриеноста на ризичните кредити.
„Следствено, НБМ презеде сет мерки за ограничување на ризиците кај потрошувачките кредити, кои имаат за цел да спречат кумулирање на ризици, што во иднина би се материјализирале. Истовремено, адекватноста на капиталот незначително се намали, додека ликвидноста и профитабилноста на банките се зголемиле во третиот квартал“, објаснуваат од институтот.