Парите се враќаат во банките, каматите засега не растат

Bez autora
May 12 2016

Откако повлекоа значајни износи од своите депозити, односно 58,5 милиони евра, граѓаните почнале да ги враќаат своите средства во банките. Состојбата во банкарскиот сектор и на менувачкиот пазар полека се стабилизира, е заедничка констатација на банкарите и гувернерот Димитар Богов. Околу тоа, пак, дали ќе одат нагоре каматните стапки на кредитите, банкарите велат дека во моментов не размислуваат за нивно зголемување, но размислуваат за депозити со поатрактивна камата. Денес како гостин го поканивме гувернерот Богов, за да можеме изворно да го информираме дека состојбите во банкарскиот сектор што настанаа поради шпекулациите за наводна девалвација на денарот, се стабилизирани, и во наредниот период очекуваме потполно да се нормализираат.

Парите се враќаат во банките, каматите засега не растатОткако повлекоа значајни износи од своите депозити, односно 58,5 милиони евра, граѓаните почнале да ги враќаат своите средства во банките.

Состојбата во банкарскиот сектор и на менувачкиот пазар полека се стабилизира, е заедничка констатација на банкарите и гувернерот Димитар Богов. Околу тоа, пак, дали ќе одат нагоре каматните стапки на кредитите, банкарите велат дека во моментов не размислуваат за нивно зголемување, но размислуваат за депозити со поатрактивна камата.

„Денес како гостин го поканивме гувернерот Богов, за да можеме изворно да го информираме дека состојбите во банкарскиот сектор што настанаа поради шпекулациите за наводна девалвација на денарот, се стабилизирани, и во наредниот период очекуваме потполно да се нормализираат. Веќе има и тенденција на враќање на средствата во банките, со креирање нови орочени депозити“, изјави денеска по состанокот на банкарскиот еснаф претседателот на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски.

Тој апелираше до сите штедачи, кои како што рече, подлегнале на шпекулациите и повлекле дел од своите заштеди, да ги вратат во банките. Порача дека парите на граѓаните се најсигурни во банките, и така нема да се доведат во ситуација да бидат цел на кражби.

Гувернерот Богов вели дека она што се случуваше во банкарскиот сектор во земјава во последните три недели, всушност било реален стрес-тест, за кој банките покажале дека можат да го издржат.

„Ударот беше навистина силен, во текот на април беа повлечени 1,6 отсто од депозитите на населението (3,6 милијарди денари, односно 58,53 милиони евра), а НБМ интервенираше со 77 милиони евра на девизниот пазар. Но, високата ликвидност на банките, добрата капитализираност, како и високото ниво на девизните резерви, релативно лесно се справија со овој предизвик. Констатиравме дека состојбата се стабилизира во последните две недели“, рече Богов, додавајќи дека секој ден има се помал притисок, и НБМ очекува во наредните денови состојбата целосно да се нормализира.

Гувернерот вели дека од деловната политика на банките зависи дали ќе поскапат кредитите, откако НБМ ја зголеми основната камата на 4 отсто. Од мерката се очекува да ги направи поатрактивни штедните влогови.

„Секако дека референтната каматна стапка на НБМ влијае на сите каматни стапки понатаму. Како што влијаевме во претходните години со намалување на референтната камата која потоа беше пренесена и на пониски каматни стапки на кредитите, секако дека кога НБМ ги зголемува каматите, тоа може да се трансферира и кај каматните стапки на кредитите, но и на депозитите“, рече Богов.

И банкарите повеќе размислувале како да го поттикнат штедењето, односно да воведат денарски депозит со поатрактивна каматна стапка.

„Правиме анализи, и во овој момент не мислиме дека ќе ги покачиме каматните стапки на кредитите. Во наредниот период, од анализите ќе произлезат и нашите одлуки“, рече Митровски.

Гувернерот не смета дека со интервенциите на НБМ на девизниот пазар е направена штета за девизните резерви на земјава.

„Сума од 77 милиони евра беа интервенциите во првите две недели во мај, но тие беа далеку пониски од она што беше во април. С` зависи како ќе ја дефинирате штетата. Ова јас не би го нарекол штета, тие девизи не се изнесени надвор од земјата. Сега немаме капитални одливи, с` укажува дека овие пари се во земјава, односно се повлечени во банкарските сефови, за кои е зголемена побарувачката, како и под перниците на граѓаните“, рече Богов. Штетата за земјава, според него, ќе ја мериме врз економскиот раст.

НБМ, и покрај стабилизирањето, засега не планира да ја повлече мерката, односно пак да ја намали основната камата. Гувернерот вели дека доколку состојбата остане стабилна и тоа потрае некој период, централната банка во наредните месеци ќе разгледа можност за повторно враќање на каматната стапка, на ниво кое би било подобно во тој момент.

Гувернерот е дециден дека опасност од девалвација на денарот во земјава не постоела ниту во еден момент. „Тоа беа шпекулации, така што во ниеден момент немаше таква опасност. Но, со мерките кои ние ги презедовме, сметам дека ја зголемивме довербата, односно ја намаливме недовербата кај оние кои беа заведени од таквите шпекулации“, вели Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik