Новите возови на „Македонски железници Транспорт“ конечно ќе пристигнат на нашите пруги, а граѓаните ќе добијат можност да патуваат во пристојни услови. Првиот, од шесте патнички возови, кои ги произведува кинеската компанија ЦСР ќе биде испорачан следниот месец. Македонија од Кина, според договорот кој се потпиша во 2014 година, купи две троделни електромоторни и четири дизел троделни гарнитури, а сите треба да бидат испорачани до јануари следната година. Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници и ќе ги задоволат потребите на 60 проценти од линиите што ги одржува Транспорт. Вагоните ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети и енергетски ефикасни, а ќе ги исполнуваат и сите безбедносни стандарди како и потребата за превоз на лица со ограничено движење.
Новите возови на „Македонски железници Транспорт“ конечно ќе пристигнат на нашите пруги, а граѓаните ќе добијат можност да патуваат во пристојни услови. Првиот, од шесте патнички возови, кои ги произведува кинеската компанија ЦСР ќе биде испорачан следниот месец. Македонија од Кина, според договорот кој се потпиша во 2014 година, купи две троделни електромоторни и четири дизел троделни гарнитури, а сите треба да бидат испорачани до јануари следната година.
Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници и ќе ги задоволат потребите на 60 проценти од линиите што ги одржува Транспорт. Вагоните ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети и енергетски ефикасни, а ќе ги исполнуваат и сите безбедносни стандарди како и потребата за превоз на лица со ограничено движење.
Првиот од електромоторните патнички возови беше промовиран во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Транспорт Никола Костов.
Возот е со три вагони и со капацитет од 200 патници и можност да достигне брзина до 160 километри на час. Шестте возови чинат 25 милиони евра, дел обезбедени преку кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Новите возови ќе сообраќаат на линиите Гевгелија - Скопје и Скопје - Битола, а ќе се воведат и нови деловни возови на релациите Тетово - Скопје, Куманово - Скопје и Велес - Скопје.
„Присуствуваме на техничкиот прием на првиот електричен воз што ќе го добие Македонија. Станува збор за ултрамодерен воз кој ќе пристигне за еден месец“, изјави Мисајловски.
Според директорот на МЖ Транспорт Никола Костов, со новите возови се создаваат можности за зголемување на бројот на патници. Возовите се со извонредни технички карактеристики и услови и ќе овозможат патниците да уживаат во патувањата.
„Новите возила ги исполнуваат највисоките европски стандарди за безбедност. Сите се прегледани од телата за сигурност и безбедност на Европската комисија со оглед на тоа што овој воз на кинеската компанијата ќе биде прв на македонскиот и на европскиот пазар“, рече Костов. Поради високите технички карактеристики на возовите пред нивно пуштање во сообраќај машиновозачи на МЖ Транспорт ќе бидат обучени од персонал на ЦСР.
Генералниот директор на кинеската компанија Џо Чинк истакна дека се надева оти во иднина компанијата ќе продолжи со проекти во Македонија и на европскиот пазар. ЦСР е најголем светски производител на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во Кина.