Патниот сообраќај со 18,8 отсто помалку патници

Bez autora
May 29 2016

Во првиот квартал годинава во патниот патнички национален и меѓународен превоз се превезени 1.698.000 патници, во железничкиот 166.000, во градско-приградскиот 19.123.000, а во воздухопловниот превоз 343.541 патник. Овие податоци ги објави вчера Државниот завод за статистика, според кои во периодот од јануари до март годинава во споредба со лани ситиот период во патничкиот сообраќај имало помалку патници, додека повеќе во железничкиот и авионскиот сообраќај.

Патниот сообраќај со 18,8 отсто помалку патнициВо првиот квартал годинава во патниот патнички национален и меѓународен превоз се превезени 1.698.000 патници, во железничкиот 166.000, во градско-приградскиот 19.123.000, а во воздухопловниот превоз 343.541 патник.

Овие податоци ги објави вчера Државниот завод за статистика, според кои во периодот од јануари до март годинава во споредба со лани ситиот период во патничкиот сообраќај имало помалку патници, додека повеќе во железничкиот и авионскиот сообраќај.

Имено, патниот патнички сообраќај во однос на првиот квартал лани бележи намалување од 18,8 проценти, железничкиот има раст од 6,4 проценти, во градско-приградскиот намалување од 3,3, додека воздухопловниот бележи раст од 28,2 отсто.

Во првите три месеци годинава е превезена стока од 8.152.000 тони. Во споредба со првиот квартал лани количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,3 отсто, во воздухопловниот за 35,4 отсто, додека во железничкиот превоз има намалувањето од 21,4 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik