Зголемените приноси пченка во изминатите две години, на површини одгледувани со систем на наводнување капка по капка, придонесоа на годишниот конкурс за доделување средства да се јават повеќе заинтересирани земјоделци од Повардарјето. Нови 50-ина хектари земјоделско земјиште од летово ќе се наводнуваат со современ систем. Индивидуалните земјоделци од Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Велес потпишаа договор со УСАИД и Швајцарската амбасада, а со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. На овој начин се обезбедува систем за наводнување во вредност од 2.500 евра за секој поединец, а кој ќе биде поставен на еден хектар.
Зголемените приноси пченка во изминатите две години, на површини одгледувани со систем на наводнување капка по капка, придонесоа на годишниот конкурс за доделување средства да се јават повеќе заинтересирани земјоделци од Повардарјето. Нови 50-ина хектари земјоделско земјиште од летово ќе се наводнуваат со современ систем.
Индивидуалните земјоделци од Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Велес потпишаа договор со УСАИД и Швајцарската амбасада, а со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. На овој начин се обезбедува систем за наводнување во вредност од 2.500 евра за секој поединец, а кој ќе биде поставен на еден хектар.
„Од досегашното искуство имам добри резултати, двојно повисок принос. Тоа беше причина некои мои познати да конкурираат и да добијат ваков грант“, изјави Адил Фијуљанин, земјоделец од општина Градско.
Новина е што годинава освен пченка се инсталираат системи и за наводнување на површини каде што е засаден сончогледот. Целта е оваа индустриска култура да се врати на македонските полиња.
Но, освен што се зголемуваат приносите на одделни култури, се развива и сточарството. Затоа беше потребно сите што аплицираа да имаат и најмалку пет крави. Најмногу потпишани договори има во општина Свети Николе 20, потоа во Велес 17.
Изминатите две години, преку проектот за ширење на малите бизниси на УСАИД и Швајцарската амбасада, се донирани 120 вакви системи капка по капка кај индивидуалните земјоделци во повеќе региони во Македонија.