Пекабеско сертифицирана со ISO 22000:2005

Bez autora
May 15 2016

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност доби уште еден меѓународен сертификат за безбедност на хранa. Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005. Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехранбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.

Пекабеско сертифицирана со ISO 22000:2005Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност доби уште еден меѓународен сертификат за безбедност на хранa.

Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.

Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехранбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.

Според Слободан Кутревски, прв извршен директор на компанијата, ова е уште една потврда дека Пекабеско ги исполнува сите стандарди во производството и дистрибуцијата на прехрамбени производи.

„Сите производи на Пекабеско се со врвен квалитет и една од нашите најголеми заложби кои ги реализираме е постојаното унапредување и вложување во процесот на производство и безбедност на храната. Потрошувачите тоа го препознаваат и токму тоа е причината за постојаниот раст на продажбата на нашите производи“, истакна Кутревски.

Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.

Во 2008 година Пекабеско го имплементираше HACCP стандардот, а во 2009 година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието Superbrands.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik