Битолската млекарница „ИМБ„ промовираше новите два типа на Пекорино: Пекорино тип за рендање и конзумен тип. Станува збор за препознатлив македонски производ кој со својот квалитет рамноправно може да се носи и со најпознатите светски сирења. Бимилк-Пекорино е произведено од 100 отсто квалитетно овчо млеко од контролирани и селектирани фарми. Претставува синергија на италијанска експертиза и македонска традиција, тип на сирење со одличен квалитет. Името Пекорино насекаде во светот е прифатено како тип на тврдо италијанско сирење. Употребивме оригинални италијански состојки: духот, искуствата и јагнешката паста, без кои производот немаше да биде Пекорино, а се друго е македонско: квалитетното овчо млеко, технологијата, како и грижата и посветеноста на нашите добри мајстори за сирење. Постојат четири основни типови pecorino, но во текот на историјата се развиле и голем број на подтипови, најчесто врзани за географскиот регион каде се произведуваат, секој подтип е специфичен сам за себе и со своја приказна.
Битолската млекарница „ИМБ„ промовираше новите два типа на Пекорино: Пекорино тип за рендање и конзумен тип.
Станува збор за препознатлив македонски производ кој со својот квалитет рамноправно може да се носи и со најпознатите светски сирења. Бимилк-Пекорино е произведено од 100 отсто квалитетно овчо млеко од контролирани и селектирани фарми. Претставува синергија на италијанска експертиза и македонска традиција, тип на сирење со одличен квалитет. Името Пекорино насекаде во светот е прифатено како тип на тврдо италијанско сирење.
“Употребивме оригинални италијански состојки: духот, искуствата и јагнешката паста, без кои производот немаше да биде Пекорино, а се друго е македонско: квалитетното овчо млеко, технологијата, како и грижата и посветеноста на нашите добри мајстори за сирење. Постојат четири основни типови pecorino, но во текот на историјата се развиле и голем број на подтипови, најчесто врзани за географскиот регион каде се произведуваат, секој подтип е специфичен сам за себе и со своја приказна. Нашиот подтип го нарековме едноставно македонски pecorino. Целта ни е од сирењето да направиме вистински бренд локално и мегународно препознатлив по својот квалитет и географско потекло, произведен од македонско млеко. Досега го извезувавме на пазарите во САД и Канада, а веќе е достапен и на македонскиот пазар” изјави Роко Водопија-Генерален директор на „ИМБ„ млекарница Битола.