Кредитната линија на Европската инвестициска банка, во висина од 350 милиони евра, која што се реализираше преку Македонската банка за поддршка на развојот, се покажа како одличен проект, со кој се помогнаа македонските компании во услови на економска криза, при што се поддржаа 1.758 проект кои отворија нови 6.940 работни места. Заменик-претседателот на Владата, Владимир Пешевски оствари средба со Матео Ривелини, раководител на дивизијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан (ЕИБ) и Дубравка Негре, раководител на канцеларијата за Западен Балкан на ЕИБ. На средбата се дискутираше за заедничките проекти на Владата и ЕИБ и е констатирано дека е остварена одлична соработка, а од двете страни е посочено дека истата ќе продолжи и понатаму да се развива.
Кредитната линија на Европската инвестициска банка, во висина од 350 милиони евра, која што се реализираше преку Македонската банка за поддршка на развојот, се покажа како одличен проект, со кој се помогнаа македонските компании во услови на економска криза, при што се поддржаа 1.758 проект кои отворија нови 6.940 работни места.
Заменик-претседателот на Владата, Владимир Пешевски оствари средба со Матео Ривелини, раководител на дивизијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан (ЕИБ) и Дубравка Негре, раководител на канцеларијата за Западен Балкан на ЕИБ.
На средбата се дискутираше за заедничките проекти на Владата и ЕИБ и е констатирано дека е остварена одлична соработка, а од двете страни е посочено дека истата ќе продолжи и понатаму да се развива.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека кредитната линија на ЕИБ во висина од 350 милиони евра, која што се реализираше преку Македонската Банка за поддршка на развојот, се покажа како одличен проект, со кој се помогнаа македонските компании во услови на економска криза, при што се поддржаа 1.758 проект кои отворија нови 6.940 работни места.
„Овој проект помогна да се ублажат последиците од светската економска криза и должничката криза во Европа врз македонските компании, да ги развиваат своите капацитети и да отвораат нови работни места“, истакна Пешевски.
Во 2017 и 2018 година, планирано е да се репласираат над 50 милиони евра, достапни за македонските компании со субвенционирана каматна стапка од 5,5%, со што ќе се придонесе за дополнителен развој на компаниите и нови вработувања.Освен за кредитната линија стана збор и за тековни проекти кои се реализирааат со поддршка на ЕИБ, а како најзначаен е издвоен проектот, за изградбата на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија-Смоквица, за кој преку ЕИБ се обезбедени 100 милиони евра.
„Со завршувањето на делницата Демир Капија – Смоквица, практично се комплетира целиот патен коридор 10, со што се создаваат услови за побезбеден, побрз и поефикасен транспорт на стоки и услуги, што ќе придонесе до дополнителен економски раст и развој на Република Македонија“, потенцира Пешевски.
Владата на Република Македонија со поддршка на Европската инвестициска банка од 2010 година го реализира и проектот за „Водоснабдување и одведување отпадни води“ во вредност од 50 милиони евра, а во 2017 година ќе започне Проектот за „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица“ чијашто вредност изнесува околу 50 милиони евра. Со ова вкупното портфолио на инвестици во капитални проекти со поддршка од ЕИБ достигнува 200 милиони евра.