Скоро пет илјади даночни должници достигна новата листа на срамот што ја објави Управата за јавни приходи. Еден од сега „најинтересните“ должници, Македонска радио-телевизија, на овој најнов список се најде на 14. место, со долг по основ на даноци од дури два милиони евра. Македонска радиодифузија, пак, е малку подолу на оваа листа, но и таа има сериозен неплатен даночен долг од околу половина милион евра, или конкретно 489.000. Токму од овие причини повторно се поставува прашањето зошто се толерира големиот даночен долг на овие јавни претпријатија, и зошто и кон нив не се преземаат ригорозни мерки за присилна наплата, како што тоа на ден пред Нова година им се случи на илјадници граѓани, кои ги немаа намирено своите заостанати обврски за радиодифузна такса.
Скоро пет илјади даночни должници достигна новата листа на срамот што ја објави Управата за јавни приходи. Еден од сега „најинтересните“ должници, Македонска радио-телевизија, на овој најнов список се најде на 14. место, со долг по основ на даноци од дури два милиони евра.
Македонска радиодифузија, пак, е малку подолу на оваа листа, но и таа има сериозен неплатен даночен долг од околу половина милион евра, или конкретно 489.000.
Токму од овие причини повторно се поставува прашањето зошто се толерира големиот даночен долг на овие јавни претпријатија, и зошто и кон нив не се преземаат ригорозни мерки за присилна наплата, како што тоа на ден пред Нова година им се случи на илјадници граѓани, кои ги немаа намирено своите заостанати обврски за радиодифузна такса.
Како што е познато, над 27 илјади граѓани од земјава, кои и по неколку опомени од УЈП не ги платија долговите за таксата, на 30 и 31 декември се соочија со блокирани сметки, за што потоа платија по 1.500 денари за деблокирање и плус мораа целосно да ги намират обврските. УЈП ги блокира граѓаните за три неплатени сметки, или за износ од 570 денари.
Од даночната администрација вчера одговорија дека листата на должници не треба да се поврзува со присилната наплата, бидејќи тоа не е критериум за објавување на должниците.
„Листата на должници се објавува според критериумите определени со член 9 од Законот за даночна постапка, односно долговите за физичкото лице да бидат повисоки од 120.000 денари, а за правните лица повисоки од 300.000 денари. Листата на должници не треба да се поврзува со присилна наплата или толеранција, бидејќи тоа не е критериум за објава на должници на неа, ниту пак листата покажува какви мерки презема УЈП или државата за наплата на долговите.
Секој од должниците во оваа листа се наоѓа во различна фаза на даночна постапка, а тоа може да биде опоменување, редовни мерки на наплата, и слично, а може и одреден даночен обврзник да се појави на листата едноставно поради тоа што има проблем со ликвидност во опфатениот период и слично“, ни изјавија вчера од Управата.
Иако целта на овој непопуларен список беше компаниите и граѓаните што должат големи суми кон државата по основ на данок и други давачки да се засрамат од јавното обелоденување на нивниот идентитет на интернет и тоа да ги натера да се раздолжат, засега нема намалување на бројот на даночните неплаќачи. Напротив, расте и нивниот број, како и вкупниот долг на списокот на должници на УЈП. На најновиот список бројот на даночни должници достигна 4.997 правни и физички лица, а вкупниот долг тежи близу 286 милиони евра.
„На Листа на должници се објавени 3.479 должници - правни лица (повеќе за 93 од претходната листа) и 1.518 физички лица (повеќе за 140). Вкупниот објавен долг е 17.580.931.583 денари (повеќе за 395.998.221 денари од претходната листа). Кај поврзаните лица за цели на ДДВ, долгот по основ на овој данок е искажан кај сите субјекти во поврзаното лице кои солидарно одговараат за ист долг“, објаснуваат даночните власти.
А, и на најновата листа, повторно можат да се забележат и државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, како и компании во стечајни постапки.
И на овој најнов список нема големи промени во неговиот врв, односно првите три места, како и секогаш, се резервирани за „Ел Дон Кастило Ангел“, а веднаш зад неа со слична сума на долг е „Индустрија Ел Азтека“, и трета е „Мотор коач индустрија“.