Пет милиони евра преку ИПА за консолидација на земјоделското земјиште

Bez autora
Apr 05 2016

За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра. Како што рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, консолидацијата значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се спроведува на доброволна основа, а интересот кај земјоделците е голем. Токму на иницијатива на земјоделците, во село Егри, Битолско, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари - парцели во сопственост на 214 производители со што ќе се создаде комплетно нов катастарски план, додека во општина Конче се работи на окрупнување на површините со размена на приватни парцели.

Пет милиони евра преку ИПА за консолидација на земјоделското земјиштеЗа консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра.

Како што рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, консолидацијата значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се спроведува на доброволна основа, а интересот кај земјоделците е голем.

Токму на иницијатива на земјоделците, во село Егри, Битолско, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари - парцели во сопственост на 214 производители со што ќе се создаде комплетно нов катастарски план, додека во општина Конче се работи на окрупнување на површините со размена на приватни парцели.

- Ќе се воспостави модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација иако теренското истражување покажа дека и онака интересот е голем. Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување, напомена Костадиновски.

За ефикасно спроведување на консолидацијата, донесени се и законски измени.

- Досегашната примена на Законот за консолидација покажа одредени технички проблеми. Целта на измените е нивно надминување и пред се создавање услови за поефикасна и потранспарентна постапка за консолидација, подвлече заменик-министерот.

Законот за консолидација беше донесен во 2013 година, а анкетирањето на заинтересираните земјоделци и вградувањето на нивните идеи, потреби и барања се спроведува од лани. Досегашните активности се поддржани со техничка и експертска помош од ФАО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik