Пивара Скопје го промовираше новото пиво Скопско Smooth

Bez autora
Apr 28 2016

Ново пиво од Пивара Скопје, Скопско Smooth, беше промовирано во среда. Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на процесот на производство. Со процесот на ладна филтрација се избегнува процесот на пастеризација што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 90 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.

Пивара Скопје го промовираше новото пиво Скопско SmoothНово пиво од Пивара Скопје, Скопско Smooth, беше промовирано во среда.

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на процесот на производство.

Со процесот на  ладна филтрација се  избегнува процесот на пастеризација што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 90 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.

“Како иновативна компанија Пивара Скопје е насоченa кон развој на најдобри брендови и услуги со цел да им обезбеди на конзументите најдобро искуство и доживување вредно за споделување. Пивара Скопје се стреми да остави печат на позитивните промени,  развој на пивската култура и да внесе свежина во животот на конзументите. Како резултат на тоа настана Скопско Smooth“, изјави Генералниот Директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ. 

Инспирирано од бунтовната енергијата на младите Скопско Smooth е пиво со став, пиво кое има многу што да каже и покаже и кое го дели истиот прогресивен и свеж дух  кој е одлика на младите и сите оние кои се чувствуваат млади.

“Скопско Smooth е произведено со ладна филтрација, технологија со која се вбројуваме меѓу првите пивари во регионот и една од трите пивари во Heineken кои ја користат оваа иновативна технологија. Токму тоа заедно со врвните состојки кои се дел од сите наши пива на Скопско Smooth му даваат еден поинаков и прогресивен карактер”, изјави Кирчо Стојанов, менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik