Почна да сообраќа и новиот дизел кинески воз

Bez autora
Mar 16 2016

Новиот кинески патнички воз почна да сообраќа во редовниот железнички сообраќај. Од вчера попладне сообраќа на релацијата Скопје-Битола и обратно. Така, популарниот „Пелагонија експрес“ по неколкумесечен застој повторно вози по македонските пруги. Новата дизел моторна гарнитура нуди современи, модерни и квалитетни услуги за патниците. Станува збор за супер модерна кинеска дизел моторна гарнитура со 120 места за седење. Одлично ја искачува делницата кон Богомила, каде другите возови имаа проблеми поради угорнината. Оваа гарнитура е идентична како и електричната која сообраќа на релација Скопје - Велес и обратно, само што за движење користи гориво наместо електрична енергија, велат од ЈП Македонски Железници Транспорт.

Почна да сообраќа и новиот дизел кинески возНовиот кинески патнички воз почна да сообраќа во редовниот железнички сообраќај. Од вчера попладне сообраќа на релацијата Скопје - Битола и обратно.

Така, популарниот „Пелагонија експрес“ по неколкумесечен застој повторно вози по македонските пруги. Новата дизел моторна гарнитура нуди современи, модерни и квалитетни услуги за патниците.

„Станува збор за супер модерна кинеска дизел моторна гарнитура со 120 места за седење. Одлично ја искачува делницата кон Богомила, каде другите возови имаа проблеми поради угорнината. Оваа гарнитура е идентична како и електричната која сообраќа на релација Скопје - Велес и обратно, само што за движење користи гориво наместо електрична енергија“, велат од ЈП Македонски Железници Транспорт.

Возот сообраќа како деловен со доплата и не сопира на секоја станица, туку само на поголемите, Велес, Чашка, Богомила и Прилеп. Така, патувањето од Скопје до Битола трае 2 часа и 40 минути, многу помалку отколку со автобус. „Пелагонија експрес“ трнува од Скопје во 17,10, а во Битола стигнува во 19,50часот.

Наутро од Битола за Скопје тргнува во 5,18, а стигнува во 8 часот. Првите патници кои се возеа со новата кинеска дизел моторна гарнитура до Битола беа задоволни.

„Супер е во возот, чисто, брзо, немам забелешки. Добро е што пуштија и нов воз така што можеме до Скопје за секоја пригода и потреба. Конечно добивме одлични услови за патување“, рече помлада битолчанка, на кратката пауза додека возот стоеше на железничката станица во Велес.

Ова е втор од новите патнички возови кои Владата ги набави од Кина и сообраќаат по македонските пруги од почетокот на годинава. Деновиве стигна и третата, откако ќе биде тестирана, се најавува да вози на релацијата од Скопје до Кичево и до Кочани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik