Почна исплатата на субвенциите за тутунот

Bez autora
Jun 28 2017

Министерството за финансии ја почна исплатата на субвенциите за тутунот. Веќе се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките. По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.

Почна исплатата на субвенциите за тутунотМинистерството за финансии ја почна исплатата на субвенциите за тутунот. Веќе се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.

– По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik