Почна кампањата за системот за идентификација на земјишните парцели

Bez autora
Mar 06 2011

Со одржување информативни и едукативни семинари Министерството за земјоделство ја почна кампањата за имплементирање на системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП). Евидентирањето на земјоделските парцели ќе биде еден од задолжителните критериуми за добивање субвенции, но претставува и предулов за пристапување на Македонија во ЕУ. СИЗП е систем со кој преку авионски снимки се идентификуваат земјишните парцели кои земјоделците тековно ги обработуваат. Со СИЗП секој земјоделец ќе ја знае точната локација и површината на неговото земјоделско земјиште, а тоа ќе го поедностави аплицирањето за финансиска поддршка и ќе овозможи барањата да се поднесуваат врз основа на ажурирани податоци. Ќе се намали ризикот од лажни барања и повеќе средства ќе се распределат на вистинските производители.

Почна кампањата за системот за идентификација на земјишните парцелиСо одржување информативни и едукативни семинари Министерството за земјоделство ја почна кампањата за имплементирање на системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП).

Евидентирањето на земјоделските парцели ќе биде еден од задолжителните критериуми за добивање субвенции, но претставува и предулов за пристапување на Македонија во ЕУ.

- СИЗП е систем со кој преку авионски снимки се идентификуваат земјишните парцели кои земјоделците тековно ги обработуваат. Со СИЗП секој земјоделец ќе ја знае точната локација и површината на неговото земјоделско земјиште, а тоа ќе го поедностави аплицирањето за финансиска поддршка и ќе овозможи барањата да се поднесуваат врз основа на ажурирани податоци. Ќе се намали ризикот од лажни барања и повеќе средства ќе се распределат на вистинските производители - рече заменик-министерот за земјоделство, Перица Иваноски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik