Почна пресметувањето на регионалните берзански индекси

Bez autora
Apr 03 2016

СЕЕ Линк, заедничкиот проект на Македонската, Загрепската и Бугарската берза, од вчера почна со пресметување на првите два акциски индекси СЕЕ Линкс и СЕЕ Линкс ЕВИ, кои се креирани со цел да ја подобрат видливоста на регионалните пазари. Од Македонската берза информираат дека во составот на индексите влегуваат акциите на 10-те најликвидни компании кои котираат на трите берзи учеснички, и тоа пет од Хрватска, три од Бугарија и две од Македонија. Двата индекси имаат ист состав: бугарските компании „Адванс терафомнд РЕИТ“, „Софарма“ и „Монбат“ од Софија, потоа хрватските компании „Атлантик група“, „Ериксон Никола Тесла“, „Хрватски телеком“, „Подравка“ и „Валамар ривиера“, како и македонските компании Комерцијална банка и „Алкалоид“.

Почна пресметувањето на регионалните берзански индексиСЕЕ Линк, заедничкиот проект на Македонската, Загрепската и Бугарската берза, од вчера почна со пресметување на првите два акциски индекси СЕЕ Линкс и СЕЕ Линкс ЕВИ, кои се креирани со цел да ја подобрат видливоста на регионалните пазари.

Од Македонската берза информираат дека во составот на индексите влегуваат акциите на 10-те најликвидни компании кои котираат на трите берзи учеснички, и тоа пет од Хрватска, три од Бугарија и две од Македонија.

Двата индекси имаат ист состав: бугарските компании „Адванс терафомнд РЕИТ“, „Софарма“ и „Монбат“ од Софија, потоа хрватските компании „Атлантик група“, „Ериксон Никола Тесла“, „Хрватски телеком“, „Подравка“ и „Валамар ривиера“, како и македонските компании Комерцијална банка и „Алкалоид“.

СЕЕ Линкс е индекс пондериран со пазарната капитализација приспособен со фри-флоатот на секој од елементите во неговиот состав, додека СЕЕ Линкс ЕВИ е еднакво пондериран индекс со истиот состав како СЕЕ Линкс. Базната вредност на двата индекси е утврдена на 100 поени и ќе се пресметуваат во реално време во валута евра.

СЕЕ Линк индексите ќе придонесат за поголема видливост на регионалните пазари на капитал, како и поголема транспарентност, овозможувајќи им на инвеститорите да ги следат движењата на цената на акциите и врз основа на тоа полесно да донесат инвестициски одлуки.

СЕЕ Линк е иновативна регионална платформа што ги поврзува Бугарската, Хрватската и Македонската берза, поддржана од ЕБОР и стана оперативна со лансирањето на системот за пренасочување на налозите за тргување на 29 март годинава.

Платформата ќе помогне да се интегрираат националните пазари на капитал со вкупна пазарна капитализација од 30 милијарди долари и ќе овозможи размена на налози за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik