Почна со работа првата дебарска млекарница „Кораб милк“

Bez autora
Feb 28 2017

Почна со работа првата дебарска млекара „Кораб милк“, домашна инвестиција за што инвеститорот Селаудин Мифтаровски инвестираше 450 илјади евра. Според Мифтаровски литар кравјо млеко во оваа млекарница се откупува по цена од 20 денари, а интересот кај производителите на млеко од општините Дебар и Центар Жупа е голем. Капацитетот за обработка на млекото во млекарницата е околу 10 тони на ден, а ќе се произведува сирење, кашкавал, изварка, јогурт и кисело млеко. Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, изјави дека отварањето на првата дебарска млекарница, дава можност дефинитивно да се надмине проблемот со пласманот на млекото, се отвара можност за нови вработувања, а воедно сточарите од Дебар и регионот, ќе можат да го зголемуваат бројот на кравите со цел да проиведуваат повеќе млеко.

Почна со работа првата дебарска млекарница „Кораб милк“Почна со работа првата дебарска млекара „Кораб милк“, домашна инвестиција за што инвеститорот Селаудин Мифтаровски инвестираше 450 илјади евра.

Според Мифтаровски литар кравјо млеко во оваа млекарница се откупува по цена од 20 денари, а интересот кај производителите на млеко од општините Дебар и Центар Жупа е голем.

Капацитетот за обработка на млекото во млекарницата е околу 10 тони на ден, а ќе се произведува сирење, кашкавал, изварка, јогурт и кисело млеко.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, изјави дека отварањето на првата дебарска млекарница, дава можност дефинитивно да се надмине проблемот со пласманот на млекото, се отвара можност за нови вработувања, а воедно сточарите од Дебар и регионот, ќе можат да го зголемуваат бројот на кравите со цел да проиведуваат повеќе млеко.

Претседателот на здружението на сточарите „Даши“, Скендер Аме смета дека со отварањето на оваа млекарница се отвара широка можност за развој на сточарството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik