Почнува финансиската поддршка на проекти за рурален развој

Bez autora
Apr 02 2019

На денешната редовна 128. седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за поддршката на инфраструктурните проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Во согласност со оваа информација за програмата што континуирано се спроведува повеќе години, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ја реализира исплатата на проектите одобрени на јавниот повик за 2018 година, кои предвидуваат подобрување на квалитетот на животот во руралните средини за инвестиции во локалната патна инфраструктура, вклучително и мостови, за водоснабдувачки и канализациски системи и за изградба и за модернизација на објекти на пазари за земјоделски производи, како и за објекти за домови за деца и млади и домови на култура.

Почнува финансиската поддршка на проекти за рурален развојНа денешната редовна 128. седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за поддршката на инфраструктурните проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Во согласност со оваа информација за програмата што континуирано се спроведува повеќе години, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ја реализира исплатата на проектите одобрени на јавниот повик за 2018 година, кои предвидуваат подобрување на квалитетот на животот во руралните средини за инвестиции во локалната патна инфраструктура, вклучително и мостови, за водоснабдувачки и канализациски системи и за изградба и за модернизација на објекти на пазари за земјоделски производи, како и за објекти за домови за деца и млади и домови на култура.

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој опфаќа и проекти за обнова и развој на селата, како и проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik