Под закуп нови 1.575 хектари

Bez autora
Sep 14 2011

Министерството за земјоделство дава под закуп 1.575 хектари државно земјоделско земјиште во седум региони: Куманово, Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Гевгелија, Крива Паланка и Ресен. Времетраењето на закупот, зависно од културите е од 15 до 50 години, а за спортско-рекреативни активности и рурален туризам е до 30 години. Големината на земјоделско земјиште што ќе го добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на критериумите од Законот за земјоделско земјиште, техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработувања според бизнис-планот. За површини до 15 хектари понудувачот треба да има најмалку еден трактор и еден планиран вработен во редовен работен однос, за површини до 30 хектари најмалку два трактора и двајца вработени. Почетната цена по хектар изнесува 25 евра за земјиште од прва до четврта катастарска класа и 15 евра од петта до осма. За земјоделското земјиште во планински подрачја, почетната цена за прва до четврта катастарска класа изнесува 15, а за петта до осма класа е пет евра.

Под закуп нови 1.575 хектариМинистерството за земјоделство дава под закуп 1.575 хектари државно земјоделско земјиште во седум региони: Куманово, Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Гевгелија, Крива Паланка и Ресен. Времетраењето на закупот, зависно од културите е од 15 до 50 години, а за спортско-рекреативни активности и рурален туризам е до 30 години.

Големината на земјоделско земјиште што ќе го добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на критериумите од Законот за земјоделско земјиште, техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработувања според бизнис-планот.

За површини до 15 хектари понудувачот треба да има најмалку еден трактор и еден планиран вработен во редовен работен однос, за површини до 30 хектари најмалку два трактора и двајца вработени.

Почетната цена по хектар изнесува 25 евра за земјиште од прва до четврта катастарска класа и 15 евра од петта до осма. За земјоделското земјиште во планински подрачја, почетната цена за прва до четврта катастарска класа изнесува 15, а за петта до осма класа е пет евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik