Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈП

Bez autora
Mar 08 2017

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, покрај плата или пензија, имаат уште една недела да го пријават во Управата за јавни приходи. Според соопштението од УЈП досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, од очекуваните 216.695. Најмногу пријави се поднесени во Скопје 79.378, Штип 41.859, Прилеп 32.154, Битола 27.558, Струмица 21.101 и Тетово 13.606. Електронски се поднесени вкупно 1039. Пријавите можат да се поднесат секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот, во регионалните дирекции, Дирекцијата за големи даночни обврзници и днаочните одделенија. Од 8:30 до 16;30 часот може да се поднесе и на даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово.

Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈПГраѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, покрај плата или пензија, имаат уште една недела да го пријават во Управата за јавни приходи. Според соопштението од УЈП досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, од очекуваните 216.695.

Најмногу пријави се поднесени во Скопје 79.378, Штип 41.859, Прилеп 32.154, Битола 27.558, Струмица 21.101 и Тетово 13.606. Електронски се поднесени вкупно 1039.

Пријавите можат да се поднесат секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот, во регионалните дирекции, Дирекцијата за големи даночни обврзници и днаочните одделенија. Од 8:30 до 16;30 часот може да се поднесе и на даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik